Јован Стрезовски. „ВОДА“ I Што сè не му помина на Сушево преку глава: какви ти не болести и премрежиња имаше; имаше офтики, трески, колери, заушки, сипаници, вошки наболест, гушоболје, жолтица, тифус, беснила: кучешки, човечки. Кога фати крастата, луѓето ќе се испотепаа, претурајќи му во дуќанот на Корун: дење му досаѓаа, ноќе му досаѓаа: „Кат- ран, та катран, дај Коруне!“ Дошто беше буре му испразнија, дошто беше канта му ис- претурија, дошто имаше нешто неизба рано, му избараа: по сета снага, по секое делче од кожата се мачкаа, не оставајќи ни ѕир- ка ни проѕирка за да влезе тоа страшно болесиште - таа краста што го испокрасти цело село, што фати од човек на човек да шета, да се закатанчува по раце, по нозе, по лице, по очи, по страмни места; да рие по кожата, да прави струпци и плуски гнојосани, да јаде и чеша по секој дел од телото. Зашетаа луѓе- то црни како ѓаволи, ни лице им гледаш, ни очи, ниту некој да препознаеш; смрди сè по патот, смрди целото село на катран, ќуќур, на пресен гној. Вртат околу куќи, по дворови, по бавчи, тропаат со тенеќиња, викаат по болеста: Стија да ја стијоса! А Спирондије Толосумот, мавтајќи од прозо рецот со Веч- ниот календар, викаше пред насобра ниот народ: „Мочковци, мочковци, ни прво ни последно не е ова, од памтивек, од светот кога се создал имало и зла и непогоденија имало и чуми и уле- ри и триста лошотилаци: кој останал - останал; мора да е така; до зла бога се изнакотивте, се изнамноживте, ни камен, ни дрво не ќе оставите, на сè мамето ќе му расплачите; ќе го изедете! Слава му на тој што знае што прави! Слава му на Севишниот!“ Ноќе гол како што го родила мајка, Спирондије Толосумот шеташе по месечина и маѓепсани работи врзуваше околу куќа- та за да не го фати болеста. Жените, гледајќи го, се крстеа. Кога фати тифусот, со месеци капка вода од господа не падна. Ништо живо не можеше корито од реката да го очис- ти: од крај на крај преполно беше со сите селски одпадоци и ѓубре: трбушки и црева од секаков добиток, распердушени ко- кошки, чавки, оглодени коски, опашки, влакна од коси, кутии и конзерви, кеси, вреќи, потсушени мивки, копита, излижани потковки, издупени лонци и тенџериња, балеги, пцовисани мачки и кучиња, парчиња од метли и рогузини, слама, загриза- но овошје, остатоци од сосушени жаби, куќни сметишта и пе- пел, ременчиња и врвки од опинци, висулки од волна и памук запнати за трњето, кошници заглавени меѓу камењата, колци од огради, жици потфатени под песок и камења, крпи и отпа- доци изврзани на леските за маѓии, отворен селски измет под сите селски алиња што висат над реката. Трчаа луѓето по децата што играа крај реката, ги влечкаа дома, затинаа носеви и усти кога ќе врвеа крај неа и испраќаа молитви да заврне дожд, да ја сотре реката. И ојлуле се правеа луѓето, со тревје и кукурци се бесеа на нив, во сè и сешто тропаа, молејќи го господа за заврне дожд. На попот нозете и устата му паднаа од закопување и чи- тање молитви. А како што одми нуваа деновите и се множеа за- копувањата, тој веќе ни книга бараше, ни ништо; само прашу- ваше нишајќи ја кадилницата: „Од што е?“ „Од тифус“. „Бог да го прости. Вар!“ „Од што е:“ „Од тифус“. „Бог да го прости. Вар!“ „Од тифус, попе...“ „Вар фрлите повеќе, вар!“ Пусти и празни останаа варниците; нигде вар. Анаѓија треварот дошто беше планина ја врвеше: за сè и сешто трева имаша; за сите сакатури и болести имаше канта- рија, линцура, коњскоцвеќе, боливач, здравец, наѓезмо, кисе- лачка, мајкина душичка, глуварка, млечарка, боз, вртолумче, костенлика, дивечка, иванчица, невестинооко, лутиче, сланто- че, кандилче, прешлика, цволика и што ти не; за секоја болест; кога нови болести зафатија - нови тревја бараше. Па зафати и нешто друго, некое посторение, скраја да е, започна по луѓето да шета, да им го потфаќа умот. Трајле Август, доктор за шинато, сиот коноп што го има- ше дуќанџијата Корун му го собра. Појди, дојди, чинеше, и ко- ноп бараше. „Што ќе ти толку“, му викаше Корун, „земјава ќе ја опашуваш?“ „Ѓавол влегол во луѓето, Коруне“, велеше Трај- ле Август, „нема ден да не дојде некој те шинат, те исчашен, те подлапнат, те исколчен, те искривен, те фатен, те прекршен во рака, во нога, во крстот - ми откапаа рацете од правење јакии. А зафатија и ајвани да носат: на ластагарка, на драг обесени, в кола или на тезгере: ти и господ, ми велат; душата ми трес- нува со нив: ајван си е ајван, ни збор има, ни уста да подрече нешто, да ти помогне во работата, во маката; кај успее - успее, кај ќе фати јакијата - ќе фати, а кај оние што не ќе фати: овца, теле, вол - им велам: ножот, ножот удрете им го! О, да си веко- вит и здрав, ми велат тие: поспод здравје да ти даде, господ од зло и лошотилак да те чува и брани, ме молитуваат. Но има и погани усти: ми бутурисаа со шепотење, со мрморење и: клет- ва; стани, ми рече жената едно утро, на ден Св. Трифун, стани избриши ја иконата на Св. Трифун, еден прст прашина има... Бриши, бриши, не досегав; се поткачив на едно столче, и што ли би, како би - се ничкосав од него и треснав на земја, потпи- рајќи се на ракава; крц! стори нешто во неа; до џигер, до в срце ме заболе...“ 46 „И сега?“ „Еве, нит здравее, нит врви; обесена ја држам на гуша... Но да не умрам, Коруне, да не умрам, дури на тој, баси му мајката, на тој Св. Трифун, не му го видам исчасен вратот...“ Подбегнуваа жените што го слушаа и се крстеа. Дудул Прлица уште од дете, уште од кога загина татко му во една расправија за водата со селаните од Каменово, ден и ноќ копаше: одеше по ридиштата, по долиштата, го навалаше ушето, го лепеше за земјата ослушуваше: му допираше бучење, му допираше подземен шум на вода и копаше; копаше цели ја- ми, цели бунари; а кога не ќе најдеше ништо, ќе плукнеше, и на ново место ќе почнеше да копа. И сè така - цел живот. Ноќе во сон му се претска жу ваше: под тоа и тоа дрво, на тоа и тоа место има силна вода: да му дојде до гуша на сето село, да го насити, но бега под земјата и се крие некаде; копаше, но ништо; плукнуваше, но не губеше надеж, пак одново започуваше... Заврши со дворот свој, со бавчата и сè така вртеше низ се- лото и околу него. „Водата е како стебло, велеше, со жили по земјата: ја најде ли - има вода“. И копаше, ораше низ сето село, низ сета околина. „Господе, ќе се збудали, викаа луѓето, ќе се збудали...“ Жуќо Крлуќот по цел ден во дуќанот капеше; потпирајќи се на тезгето до дробениот тутун, шмукаше ли, шмукаше... „Без сè, што се вели, Коруне, можам, не давај ми ни јадење, ни пиење, по еднаш на денот да јадам, ако сакаш, ама без тутун не; жената везден ми трескоти: „Не прокопсаник, Жуќо - пусти- куќо, леб немаме, а ти црн ќумурџијо, последното паруле за ту- тун го даваш; ќе згинеш ко трлачка, ко тратиште од трујачот...“ И вистина, Коруне, ќе загинев: едно време зафатив по дечин- ски умови: дошто беше тревка ја испробав: ти виткав и чурев од сè: од костенојреси, од жалфија, од боливач, од белачка, од блостур, од боз, од пченкојца, од лутиче, ама од сè... Леле, леле, ко почна душицата да ми ’рка и свири, да се клупчосува, да ждригнува, да олцка, да жаросува; ко почна умот да ми се мели, да ми маглосува, да ме тетерави, да ме саштисува, да ме лела, леле, леле; ко почнаа очите да џрџаат, да копривничат, да пиперат, да алеат, да жабосуваат, леле, леле! и еве ти, ќе си појдев: ни бо- леда, ни ѓавола; од на нозе - ајт со здравје! Катраносав, жив ја- глен се сторив; и му ја плукнав мајката: го оставив; но ден-два, и ете ти го нечистиот во мене: по цела ноќ само тутун сонувам, те веселби, те кафеани, те свадби, те имендени, те првичиња, те заприкажани пријатели и роднини; ми испружуваат рака, ми подаваат кутија, ме честат... Се надува душата од милина; но враг ли некој, што ли, ми го зема сонот: прискокнувам ка- ко ждрапнат, размавтувам со рацете по креветот, по жената, но ни тутун, ни камен... „Што еџели те бркаат, господе“, изрипну- ва жената ми ко плисната со вода. Ништо, ништо, спи, £ велам и голтам суви плунки; шетам како улав низ куќата, се пикам под масата и во огништето и барам некое догорче од цигара. А жена ми под покривката се крсти и шепоти: „Боже, додржи му го умот!“ „Ѓавол да ме земе, Коруне, токму ли сум или не?“ „Тоа господа прашај го, братче; не мене“. Ех, жени, жени! Алтан Водарот секој ден доаѓаше кај Кору- на во дуќанот и му досаѓаше: „Донеси ми од тие гумички што имало в град, жити леб, од тие женско-машки гумички; да си ја терам работата, што се вели, без гајле, слободно...“ „Крши шија, Алтане!“ „Зошто Коруне?“ „Така, зауми се еднаш, не трчај по жените низ нивјето, не копај си ги очите со нив...“ „Добрина правам, Коруне...“ „Ѓавола правиш; болест е тоа...“ „Болест, ама убава, Коруне, од сите болести најубава; не си имал можност да те фати, Коруне; не те фаќа одеднаш, не те фаќа лесно: врти околу тебе, ти приоѓа и подбегнува, те мачи; но те фати ли, не те пушта веќе; те држи и те тресе; ти ја врти душичката и те пали; половина такви нè има на светот; зошто да ја мачам душичката; зошто да се мачат и патат и многу жен- ски душички... Од господа ми е делено тоа, Коруне...“ Шавре Котин со син му Танаил по цел ден пиеја во бавча- та под сенките, подавајќи си го шишето еден на друг. А наве- чер си ги маваа до умирачка жените. Луѓето што ги слушаа под прозорци се крстеа. Фати некоја лоша болест во децата; роди се, чинеа, умри. Едно чудо деца изумреа. Сè правеа луѓето само да ги задржат: им врзуваа на папочето мартинки, им ги дупеа ушите, во пепел топла ги ставаа да ги доквачат, смодосани влакна од дивеч им даваа да пијат, ги капеа во синап, во богоројчи натрева. Кога не помагаше ништо, зафатија на бога да му ги ветуваат, на манас- тирите да им служат, само да останат живи. Митруш Ралица немаше деца; тој имаше теле; красно теле. Го ранеше, го ранеше, од уста што се вели, му даваше да потс- тежне, да се подздебели: на бога, на манастирот го имаше вете- но да го даде, да го спомогне... „Зашто бог е тој што враќа, што гледа, велеше, тој своето ќе си го стори: не остава да не плати, да не врати... Сакај го ти него малку, почитувај го, имај го при срце, прави му чест, слави го - сè ќе ти оди напред, сè ќе ти се возврати...“ Порасна телето, му светна влакното, кожата, му се заоб- лија колковите и ’рбетот, го подиздолжи гушникот, и полека за оглавник Митруш Ралица го приведе во манастирот; се пре- крсти, се помоли пред Ристоса и бога и се врати... По година почна друго да одгледува. Но го даде? Не. „Зошто, бре, Митруше не го даде“, му велеа луѓето“, „си го ветил...“ „По ѓавола! Зошто да го дадам? Господ не само што не ми врати ништо за она што порано му го дадов, туку и ми зеде; што ѓавола ми завиде во кравата: пукна...“ Дерејќи го телето пред очите на луѓето што минуваа крај неговиот двор, го делкаше на парчиња, и кревајќи парче по парче, викаше на сиот глас: „На, господе, на, јади!“ Луѓето се гледаа меѓу себе: Што ли му е... Канаѓин Светски одненадеж, без причина фати пусто да прави дома: имаше вол - го закла, имаше прасе - го закла, удри, чинеше, кркај... „Што ти е Канаѓине, мајче му расплака на сè...“ му велеа луѓето. Тој само шуштеше со устата: Шшшшттт! Ги ис- посече една зима и овошките во бавчата за горење, го изгоре и плотот, им се наврте на прозорците, на дрвенаријата од куќата, врати, прагови и ја напушти куќата како неупотреблива. „Што ќе правиш сега, бре, Канаѓине, во која мајчина ќе одиш...?“ му велеа луѓето. „Олеснат сум сега, браќа, велеше тој, немам ника- кви грижи“. Ламбе Футак се криеше дома, од страв нигде не излегува- ше и викаше низ прозорци: „Се спобу далевте сите, сето село, да даде господ да дојде вода, потоп, сите да ве очисти...“ II 1 Кога дојде време да умре Анѓија Треварот, меѓу тревите префрлени со покуќнината на новото место на живеење, му најдоа и некакво Писание, некаква историја за водата. Во ков- чегот му наредија сè и сешто, како што е ред, само Писанието за водата не. Пишувано беше со прекиди, искапано со восок и потемнето од чад, но читливо: „Сите болести поминаа и заминаа... Само болеста за во- дата остана... Слободата златна да ни е жива, дојде сега наша власт... Ќе и најде лек и крај и на таа болест... Никој не паметува кога почнала таа: едни велат во првото замјотресение, други ви второто земјотре сение. А еве како би- ло: Турско било тогаш, фатило големо земјотресение; ја затре- сол господ земјата, ја разнишал наваму-натаму, ја расцепил и на планин ската пустелија, дива и испоснета - £ пуштил вода. За- почнала првин матна, а потоа бистра, закинисала надолу про- бивајќе се низ грмје, гнилеж и трапчиња, не знаејќи каде и кој пат да го фати: за Сушево или за Каменово. Овчарите ли првин ја виделе, дрварите, ко му се повратило срце и душа на селото од земјотресението, истрчало и старо и младо, дошто бил човек: и сушани и каменчани, ко ајвани, ко овци се испружиле, се кутнале крај изворот и започнале да локаат, да шлапкаат низ водата, да пијат, да се мијат, да пикаат вода во врат, во пазува, да се ладат, да се бацуваат, да скокаат од радост, а потоа секој кон себе да граби и да трга со мотиката од водата: и нашите и каменчани, вртејќи ја секој кон своето село. Започнале да се бијат, глави да кршат; со водата започнала и крв да тече, дури не ста- сале некои од турската власт. Сè живо со кундаци и камшици испомавале и истерале, и рекле: Сиктер! Сите дома да се вратите. Ќе се расправи ова, рекле, стрпете се; ќе се види кому треба да му припадне; кој ќе биде стопан, кој ќе ја користи... Но вода не може да чека, не може да се стрпи, таа клокоти, излетува и пат бара, бара да тече, да оди... И ги зариле пак во неа селаните мотиките и копачите и пак до злабога, до задниот здив започнале час ваму час таму да ја свртуваат и влечат, дè кон едното село, дè кон другото село. Кој поблизу бил до изво- рот, кој посилен бил - тој бил господар. Дошла пак турската власт: побарала куфии, синори меѓу двете села; побарала најстари луѓе и од нашево село и од Ка- меново да сведочат, да се колнат до кај фаќа атарот на едното село, а до кај на другото; нашите стари покажале еден голем ка- мен крај трапот и им рекле дека е тоа синор и им рекле дека многу одамна кога се кревале крсти на среден Велигден, тука сето село идело и чукале глава со глава два близнаци: еден наш, од Сушево, друг од Каменово. Каменчани тврделе дека не е тој вистинскиот камен, ами некој друг камен, на друго место. И едните викале и докажувале дека изворот е на нивен синор, и другите... „За ова, рекла власта, судот ќе каже...“ „Судот! Судот да каже!“ извикале и едните и другите. И почнале да се судат. Се суделе еднаш, двапати, трипати, десетпати, којзнае колку... Час едните ја добивале, час другите. Час едните покажувале тапии што ги добивале од власта, час другите. Час златото од Сушево, било потешко, час нивното... Кога Турците ја спотераа од каде што дошла, дојде Српско, Прво српско. На! на! мамето ваше! почнаа да ни викаат камен- чани, отидоа лажните тапии! Уќуматот летна в оган, летнаа и тапиите. Како за нас, така и за вас, им рековме на каменчани: отидоа и вашите уште полажни! И пак почнаа нашите и тие да рошкаат по ковчезите, да копаат по некакви грниња со злато видени на сон, или по ко- ланите и ѓерданите невестински да сечат сребро и злато... Пак маки и таксирати... Едно лето тие ќе ја добиеја, едно лето ние, или две тие, како ќе беше. На многу наши им летнаа главите... Па дојде Бугарско. Отпочнавме одново; ништо пред тоа не признаваа... Пак маки и пари... Решивме парите што ги имавме собрано да се поправи црквата, да се дадат за водата. Немаме поголемо свето нешто од водата, рекоа селаните, таа е занас сè... Кога дојде Второто српско, кога се врати Државата, во 1920 г. имаше избори за Уставотворна скупшина. За пратени- кот што се фативме ние да го крепиме - падна. Каменчани ја капрдисаа водата сосем. Не помагаше ни биење, ни затвори, ни судење... Судењето го тераше Алмбе Футак, тој не застапува- ше како пописмен од нас... Но локман: сè за в џеб. Од парите што ги собиравме и му ги дававме, куќа си направи. В земи ќе го спотеравме, ќе го запалевме... Изнафрлавме купишта сла- ма наоколу и зедовме гламна за да му ја вчуриме. Тој врескаше од пенџере и не излегуваше. Но кога виде дека мора, излезе и почна да бега. Кој како го стигна, така маваше: го спружија од мавање. Кога оздраве, од мавање по глава умот му се зеде. Се затвори во куќата и од страв повеќе не излегуваше надвор. До- што беше врата и пенџере ја искоја од внатре. Решивме понатаму поп Клофим да ја тера работата. По долго барање и молење нè повика судот и нас и ка- менчани. Сето село тргна в град: мажи, жени, старци, деца. Се нагрнавме пред судот, сурија. Се нагрнаа и од Каменово, исто така. Расправии викање, карање мајка. Сакавме и ние и тие да влезат во судот. Излегоа од судот служителите да маваат по нас, влезот да се ослободи. „Кај одите ко ајвани“, ни се разви- каа судиите од скалите. „Кој е овластен од Сушево, а кој од Ка- меново?“ „Јас“ рече поп Клофим. „А од каменово?“ „Јас“ реч поп Паун. „Влезете“, рекоа судиите. Влегоа. Ги отвориле тефтерите судиите и почнале да пишуваат. „Имате ли документи, нешто за доказ?“ прашале. „Имавме“ рекол поп Клофим, „изгореа кога летна уќуматот“. „И ние имавме“ рекол поп Паун. „И сега, кој ја држи водата?“ прашале судиите. „Каменчани“, рекол поп Клофил. „Аха, а чија е водата?“ прашале судиите. „Наша“, рекол поп Клофим. Поп Паун скокнал. Судиите му нишнале со раката да седне. „По што тврдите, како го докажувате тоа?“ прашале судиите. „На наш синор е“, релок поп Клофим, „при- родно корито има кон нас...“ „И кон нас има природно кори- то“, рекол поп Паун. „Е, не е тоа природно“, рекол поп Клофим, „тоа вие насила, отпосле го ископавте...“ „Како насила?“ пра- шале сидиите. „Така, ќе кажам“, рекол поп Клофим, „во Турско, во 1875 или 76 г. па до 1901 водата одела кон нас. Каменчани си скроиле договор, таен: секоја ноќ, сето село ти удрило до изво- рот. Копале два месеци и повеќе. Кога дошле до изворот, кога го пробиле коритото до него, ја свртеле водата кон нив. Едно викање, една веселба на изворот, аман господе! Од радост, ги удриле и тапаните. Чуле нашите, вили собрале, секири, мотики сè што имале, и пошле горе. Се грабнале со нив, глави испок- ршиле. Притрчала и власта турска: за шија и нивните и нашите и - в затвор. За правдина, да види господ, нашите во сето тоа најмногу го окркале. Ако не е така - нека речи: не е така, но тоа нешто не е за да се скрие. Стои коритото, може да се види“. Су- диите ги свртеле очите кон поп Паун: „Така е ова сево, вистина ли е со коритото: ископавте, како што вели?“ го прашале. „Ис- копавме, рекол поп Паун, господ е тука, не можам да кријам но не ископавме корито затоа што немавме; имавме старо кори- то и уште го има, но водата многу голем пат правеше низ него, гинеше во песочина и дупки подземни, ни пола не доаѓа в се- ло. Затоа...“ „Кого да го веруваме?“ рекле судиите. Изизпишале нешто и рекле: „Одете си, ќе треба да се расправи. Многу е заплеткана...“ Излегоа надвор, се нагрнавме сите: „Што би, како би?“ прашавме. Не му се отвораше уста на поп Клофим, но одгово- ри: „Ќе се расправи, судот ќе види...“ рече. Со години чекавме да се распарави. Во 1936 г. дојдоа пак избори. Сето село сега бевме за г. Саро, а каменчани за г. Трифко. Ако г. Саро победи, ни вети: ќе ни ја врати водата. Даде господ - така и би... Направивме гозба што не се паметува: јадење и пиење имаше до пукнувачка. Сето село се собра на лединката пред црквата Св. Богородица. Дојде и началникот срески и дело- воѓата и писарот од судот и неколку жандари и уште некој со нив. Најпрвин поп Клофим одржа слово благодарно за г. Саро и за гостите присутни, а потоа благосвешетение £ изврши на водата што зашушурка во сувото и со години не накиснато ко- рито од реката. А откако, потоа, првим началникот ги зарина прстите во главчето од јагнето, не се виде веќе ни кој зема ме- со, ни кој од кого го позема и го граби бинлакот со вино. А им зборуваше поп Клофим пред тоа на нашите: ред да има, не ко ајвани.... Сета лединка се посла со коски и други отпадоци. Ду- ри си отиде началнкот и другите гости, сите до еден три пати се ангелосаа и се истрезнија“. 2 О водо да си благословена! Растрчуваа луѓето по водата како по живо суштество што си го повратило својот живот. Го следеа целиот нејзин тек од изворот до вливот во Голема река што шумеше долу по д селото стеснет меѓу две стрмни пади- ни. Таа изизврте по сите алиња селски и ги очисти, го очисти и своето сопствено корито загадено и грозно ко скапана риба, им се нурна под муцките на ајваните да пијат колку им душа сака, ги исполна вировите низ селото за да можат жените сета куќа, сè што имаа внатре да исперат. Се изнаредија во неа си- те каци и буриња селски да киснат, да се мијат, да набабруваат, дур сливите денеска-утре го очекуваа својот пијан бог. Со идењето нејзино и радоста на Алтан Водарот се врати: растрчуваа со мотиката по коритото и по браздите надолу, ја дели како ипсома секому по малку; растрчуваат жените запре- гнати до над колена низ вртовите, пченките, бавчите и штра- каат со мотиките, принесувајќи и на секоја билка водичка да не умре од жед. А Водарот Алтан со подвиткани ногавици, бос, ко откорнат даб, се вее низ нивјето, седнува на меѓите да цвр- цне од пагурот, да свитка цигаре и да подзаврзе некој збор со жените: каква е годината, сушна или родна, колку и треба на пченката вадење во месецот, кој каде е од мажите на печалба, пишува ли, пушта пари, и кога ќе си дојде. Крај нивата од Велјан со часови, со денови би седел да ја гледа Велјаница, да £ гледа во белината на нозете зацапана во водата, да поцврцне на пагурот, подвикнувајќи £ да седне веќе еднаш, да се одмори, ќе £ ја зовре сонцето главата и снагата поднаведната, сè во ѓавол нека фати, што толку си ја мачи ду- шичката, кога има маж што £ пушта пари од печалба. И денеска, како некни, ја подвикна на меѓата да седне, £ го подаде пагурот да цврцне и ја праша: „Имаш ли писмо од Велјана?“ „Имам“. „Што пишува?“ „Нека оди по ѓаволот... Еве...“ ја пикна раката во појасот, го наџбара и му го даде. Тој го изизврте, го побара почетокот и почна да го чита: „Драга жено, прости што ова година не мо- жам да дојдам, а сум се зажелил, не дека не сум се зажелил да дојдам таму, да ја пуштам душичката, што се вели, на раат во сè. Не е ваму како таму... Ги нема тие мои златни бавчички око- лу куќата кај што можев ката утро на раат да си клечам, да го слушам брмчењето на жужалените околу мене, скубајќи трев- ки од пред нозете. Овде ни е наредено само во алето на гради- лиштето да одиме, не на друго место. А во него не се влегува од смрдотија на триста течности што фрлаат за дезинфекција. Да пукнам да знам, под сила што се вели, да ме тераат, не можев во него да одам. Уште од зори, пред другите да станат, ќе фатев преку градилиштето во една шумичка, парк ли беше, не знам, и до мила волја, што се вели, на раат клечев. Кај што клечев денеска - утре не; од едно место на друго се префрлував. Но една утрина, кај наиде, кај помина еден, чувар ли беше, што ли бе- ше, списка кон мене, свика и почна да се расправа. Собра уште неколку души и ме натераа јами да откопувам: две метра долги, две широки и метроипол длабоки. И да ги запретувам. Од ед- но место на друго ме префрлуваа: секаде кај што клечев. Ко- пав и запретував; копав и запретував; како вистински гробо- ви, само уште крст немаа. Уште еднаш не ми текна оттогаш да појдам таму. Но го напуштив тоа градилиште, сега фатив друга работа...“ „Хм“, се насмеа Алтан Водарот. „Ете, што можеш од него да очекуваш...“ рече Велјаница, „Серко овде беше, серко таму...“ Пак водарот Алтан се засмеа, се затресе, растрепери како даб кога шуми, и £ ги фати двете раце на Велјаница под лакто- ви и ја тргна кон себе, £ го засени сонцето што £ биеше в очи со своето лице, и како даб спуштен со крошната и ветките до земја, ја покри со своето тело. И додека тревките над нив висо- ко издигнати, час посилно, час потивко поигруваа и се нишаа, водата низ пченките течеше без мера, се вирееше, ја полнеше нивата, и пенлива како младо вино што зовира, се одливаше преку ниските меѓи во соседните ниви. 3 Со доаѓањето на водата се врати и Петре Ќушко после тол- ку години поминати на работа во Америка. Секој ден одеше во бавчите кај реката над селото, лежеше крај коритото, ја гледа- ше водата што шумеше и пенеше низ камењата, ги зариваше рацете во неа, заграбуваше во грстите и ја пушташе пак да тече надолу. Ги зариваше рацете до лактови во неа, рошкаше и £ се радуваше како мало дете. Откако му пишаа синовите дека во- дата најпосле селото ја доби, мир немаше во душата. Како пиле сакаше да прелета и да се врати што побргу. А сега кога е веќе крај неа, кога ја гледа кајшто се пени и ја пофаќа со рацете, по- голема возбуда му врие во душата. Уште од зори, уште денот недоразденет, тој веќе е крај водата, шета низ бавчите, преско- ка преку плотовите и камењата и седнува крај коритото да ја гледа и радосно да го впива во себе нејзиниот бучеж, нејзиниот шум. И сè така... А еден ден започна на неа да гради воденица. Ја градеше цела пролет, цело лето. До што имаше пара спечале- но, во неа ја даде. Деноноќно довлечкуваше материјал заедно со синовите Тофил и Скуле. Им паднаа и рацете и нозете и сна- гата од влечкање, греди, вар. Но најтешка мака беше носењето на камењата воде нички. Цело село се собра да тегли, да влече на камењата што за скапи пари му ги направија клесачите, го гледаа и секој по нешто ќе речеше: „Имал пари за фрлање, кој господ ќе знае што ќе биде со водата, ќе остане ли за постојано кај нас“, а други: „Господ здравје и живот да му даде, велеа, ни ги куртули рамениците, ајваните од влечкање жито преку планина за Задгорје“. Откако почна воденицата да работи, Петре веќе не одеше дома: тука јадеше, тука пиеше, тука спиеше. Крај огништето на едниот крај од воденицата имаше постела и веленце и како што легнуваше, така и стануваше: цел, облечен. Потстануваше ноќе, ја погледнуваше воденицата, брашното, водата, чаркот, житото и пак под благото потропнување и жулење на каменот продол- жуваше да спие. Ништо не му беше помило отколку наутро на јазот да се исплиска со свежа, студена вода. А откако еден ден наврапито му пцовиса кобилата дома, до воде ничката направи и плевничка и ждребето од дома го зеде и го префрли во неа за да го зачува од заразата, од лошата болест што шеташе низ селото. Сега тоа му беше единствена жива душа со него, единс- твениот другар и соговорник. Го подиставаше во бавчите да шета, го носеше на водата за да го мие, му даваше од дланките да лиже трици и го подучуваше и советуваше да не оди надолу, да не се оддалечува. Како што растеше, така сè поблиски беа, сè повеќе го засакуваше. А тоа кроткичко беше како срна, со бела бемка на челото. Од прематарите што доаѓаа во селото му купи кожено оглавче искитено со ситни топчести ѕвончиња ка- ко шикли, со пуфки шеќерливо обоени, со светли, разнобојни мониста и пулајки. Го подучуваше да ’ржи, да скока преку ре- ката, да копа со ногата пред прагот на воденицата, да му ја навала главата за да го жулка по гривата, по вратот. Чувајќи го од болеста што шеташе низ селото, му даваше илачливи тревје да пие, со топли мутафи го завиваше ноќе, со катран и ќуќур по снагата го мачкаше, од секоја вода не му даваше да пие, не ос- таваше кокошка да му претка крај нозете и да му штрка со клунот во коритцето со јадење; изнареди секаде наоколу низ бав- чите и воденицата трујачи за глувци, ги гореше со гламна сите паучини во плевничката и воденицата, пцови саните пилиња и мачки низ бавчата ги собираше и ги палеше со бензин, смрдли- вите тревки ги чистеше низ бавчата. А започна и од лоши очи, од погледот на луѓето да го крие. Почна да се потплашува и сам да го гледа. Зафатија од некаде по селата да шетаат ѓупци. Денизден доаѓаа, вртеа низ селото, а идеја и кај воденицата, ја обградуваа од сите страни бавчата и гледаа во ждребето; еден куп пари му даваа на Петрета за него, но тој за ништо не сакаше да чуе: во мајчина ги спотеруваше. Кога веќе немаше каде од нив, ја обгради бавчата и плев ничката со жици. Постави и куче околу да чува. А и тој заедно со него започна да чува. Често ноќе скокаше од сон: ждребето го нема, го украле. Стрчнуваше во бавчата, во плевничката, го обгрнуваше околу вратот, главата и го гушкаше. Преку дента ја позаштитуваше уште повеќе огра дата. Но ѓупците не му даваа мир: доаѓаа и доаѓаа. Се бесеа на жиците, провираа глави низ нив и сè повеќе и повеќе покажуваа пари, зголемуваа, додаваа уште нешто от- колку што рекле вчера, завчера. Петре со кучето насрнуваше на нив, срчнуваше и со чивте и во мајчина, во Анадолија ги спотеруваше. Му се зеде сонот: до доцна навечер дремеше на чивтето на прагот од воденицата. А ѓупците како од сиот свет да се собраа: идеа ли идеа. „Дај го, бре Петре, му велеа селаните, што толку си се врзал, закатанчил за него... Што толку голем мерак кон него. Зар ајван толку се сакало“. „О, не сфаќате, им велеше тој, див ѕвер ќе гушкав и ќе ба- цував да имав во пустите рудници во Детроид кај што ноќе влегував, и ноќе излегував отфрлен и пуст како в гроб“. Го затвори ждребето и повеќе не го вадеше надвор: во плевничката го хранеше, напојуваше, чешлаше. Но пак сонот често му се скинуваше, истрчуваше надвор и со фенерот сите темни места на оградата и бавчата ги осветлуваше, терајќи го лошото пиле, југајцата што по цела ноќ по дрвјата во бавчата и на покривот од плевничката и воденицата југаше, врескајќи грозно и морничаво како дете да се коли. А една утрина кога го најде мртво, му направи гроб во бавчата пред плевничката, нагледувајќи го често и мртво да не му го украдат. Ќе пукнеше како костен кога ќе чуеше некаде вресок од некое ждребе. III 1 Алтан Водарот не го оставаше Коруна на мира: штом Ко- рун ќе се вратеше од град со натоварените коњи со стока, Ал- тан пак бргу-бргу ќе му се втропачеше в дуќан: „Донесе ли од тие женскомашки гумички, Коруне?“ „Крши глава!“ му свикуваше Корун. Но тој не кршеше глава, туку ко збитак, ко јужен ветер шумеше пробивајќи се низ ’ржаниците и јачмениците. Опкршнувајќи низ полето, сè во иста нива навраќаше. Велјаница кревајќи ги со вила сноповите преку глава, ги пренесуваше кон едниот крај на нивата кај што беше гумно- то. А тој, Алтан, како стебло се исправи пред неа и ја фати за снопот што £ ја сокриваше главата; таа спуштајќи го снопот се штрекна, но откако го виде, се насмевна. Ух, рече, впиперена во лицето и седна меѓу сноповите. Со ракавот помина по лице- то и челото светнато од пот и жештина; и тој седна до неа. „Ти се јави ли Велјан?“ „Ми се јави“. „Што ти пишува?“ Таа ја пикна раката во појасот, џбарна и му го подаде. Ал- тан го одвитка, го изврти и почна да го чита: „Драга жено, како што ти кажав, јас сега друга работа фатив: шетам по перифе- ријата на Белград и по куќите на ѕидовите цртам слики, како тие кај нас: природи од убави поубави: шуми, бавчи, реки, езе- ра, планини, полиња; во умов и пред очи ми се тие таму наши бавчички и тие им ги цртам; не ми веруваат дека сум самоук. Додека ги цртам ме ранат, што е поубаво за јадење ми даваат, а каде што е послабо јадењето, им ја кажувам една приказна за некојси двајца сликари, иконописци... Во старо време, им ве- лам, си биле двајца иконописци; од село во село оделе по ма- настирите и црквите и цртале икони; со години цртале. Биле погодени: селаните да им даваат јадење, да ги хранат: денеска една куќа, утре друга. Што било најубаво им давале: кокош- ки печени, јагниња... Кркале тие и работеле. Времето си врве- ло, година, две, три... А селаните постепено почнале да вртат на друго: не им давале повеќе кокошки и јагниња, туку посно гравче, лук, киселина. Се испоснале иконописците, свиснале со душите. А кога еден ден народот се собрал во црквата да ги ви- ди иконите, се скамениле луѓето од чудо, зинале: Исус Христос место со лице, бил свртен со газот кон луѓето. „У, господе, што е ова? Зошто Исус Христос е завртен?“ прашале луѓето. „Ех, зошто, рекле иконописците: му смрди лукот што го јадиме, затоа се врти...“ Од тој ден пак селаните започнале да им носат кокошки и јагниња. Што сакаш со ова да кажеш? ми велат газдите. Сакам да кажам, им велам, слаба ми е храната, видов ми се темни: кај се лоши сликите - не удирајте кусури... А сега да ти кажам друго: има еден ваму, се вика г. Кузе, по потекло е од нашето село. Ми ја фали работата и ми вели: со дарбата твоја до крал ќе дотераш. Ми помага многу: преку него се запишав во Соколско друштво... И сокол сум сега“, „Хм, се насмеа Алтан Водарот, на високо ти фатил мажот. И сокол станал...“ „В џенем нека фати, то нее ни за ут...“ Сонцето растрчува низ сноповите, не можејќи да ѕирне кон она место каде што е сенка и кај што Водарот Алтан палто- то свое и го става под Велјаница. Некој врвејќи покрај меѓите, не можејќи да избега со очите, им потфрли: „Внимавајте, сламата ќе ја потпалите...“ Кој беше и кај отиде не видоа, но на соседното дрво зашу- меа две-три деца, качувајќи се што повисоко за да видат по- добро. Водарот Алтан не знаејќи што да прави се завлечка и на рацете и на нозете низ сламата и затрча околу стожерот од гумното за да врши, а Велјаница го удираше по газот со стапче и му викаше: Ди, ди! правејќи им смешки на децата. Сè им ветува на децата да дојдат, да им кажат нешто, но тие исплашени сами од својот сопствен престап, невозможно бргу смаглија. 2 „Не утера многу време по изборите“, продол жува Писа- нието на Анаѓија Треварот, „пак каме нчани ни ја зедоа водата. Дојде до голема расправија. Ние со пушки и со секири, тие со пушки и со секири. Му се пожаливме на г. Саро тој рече: „Ќе видиме“. Ние пожали му се, тој: Ќе видиме... „Ништо не стори“. „Кај ќе стори“, рече дуќанџијата Корун, „тие се едно со г. Триф- ко; едно лајно, да простиш. И едниот и другиот е за Владата. Само нам ни отидоа толку пари и ноќи не проспиени агити- рајќи и поддржувајќи го. А по изборите, по добивањето на г. Саро, тие обајцата в град, на мостот, се бацувале јавно пред це- лиот народ честитајќи си...“ Во тоа најтешко време, во помош ни притрча господин Кузе, наш човек иселен уште како дете со татко му во Белград. Слушавме дека бил виден човек... Имал врски со дворот, па дури и со кралот. Таков пречек не памети селото. Старо и младо беше изле- зено надвор, се собираа пред училиштето, пред чешмата, пред дуќанот на Корун, се бесеа по плотови, растрчуваа деца, ос- лушнуваа брмчење на автомобил и трчаа надолу по патот. Што повеќе брмчеше, селото сè повеќе истрчуваше, се собираше. Првпат такво чудо идеше во селото. Оние што го знаеја, објаснува што е тоа, колкаво е, на што личи и како оди. Се чудеа луѓето. Идењето беше вакво: уште долу под селото го пречекаа децата. Откако му го зедоа стравот, и откако тој ќе поодеше малку и ќе запреше да поземе душа и да најде место кај да ги заобиколи или прерипне големите камења по патот, едно врз друго се грмадеа децата кој побргу да се фати за него и да му се обеси. Кај ќе запреше, шоферот излегуваше, свику ваше кон де- цата но потоа пак ќе ги повикаше, ќе ги изнаредеше едни од- зади да туркаат, други однапред да ги чистат камењата. Шофе- рот викаше подавајќи ја главата низ прозорецот што посилно да туркаат. Штом тргнеше автомобилот, ни туркање имаше, ни чистење: пак се нагрмадуваа на него кој побргу да се фати. До кај - одеше - одеше; запре. Ни волови веќе не можеа да го влечат нагоре. Стрчавме сите. Од ауто излезе г. Кузе и уш- те еден облечен во некакви чудни алишта опшиени со златни ширити, преврски, висулки, колани, со сабја на колкот и шап- ка украсена на челото, со пискул кренат нагоре како опашка од страчка. „Кралот, кралот иде!“ се развикаа сите. Ни чукна срцето на сите. Се создаде мешаница и вриеж. Еден преку друг срчнуваа кој побргу да излезе напред и од поб- лиску да го види кралот. Водарот Алтан размавтуваше со ста- пот и држеше ред. Велјаница го растрга народот, истрча напред и му се фрли околу гуша на кралот викајќи му: „О, ти си ми Велјане! А ние мислевме - кралот! Ни го пукна здивот!“ „О па Велјан е тоа, вика народот, станал сокол, гледај го ти него!“ Не сопираа луѓето од смеење: „Боже, боже, ист крал!“ „Не смејте се“, Им рече питропот Медосан, „ако треба и кралот ќе го донесеме. Се познава г. Кузе со него.“ „Нам вода ни треба, не крал,“ рече Стамен „И на водата ѝ треба помош“, рече питропот Медосан, „треба некој да ја донесе...“ „Кралот ли ќе дојде да ни ја донесе?“ „Не носи тој вода, туку само ќе ѝ свирне на власта: таа ќе ја донесе...“ „Па нека ѝ свирне...“ „Зар одеднаш сакате... Не оди тоа така веднаш... Многу ра- боти треба тука да се сторат: г. Кузе треба дење и ноќе да трча, да фаќа пријатели од Дворот, а за тоа треба парица. „Господ да ве попари!“ му свика Стаменица. Го фати Стамена за рака и тресна на вратата. „Сè за таа пуста вода испродадовме...“ Во придружба на поп Клофим, соколот Велјан, Водарот Алтан, дуќанџијата Корун и уште неколку, се искачи г. Кузе да го види изворот што бледо, уште од детство му останал во сеќавање. Но не дојдоа до него, зошто некој од каменчани при- пука озгора со пушка, го испресече воздухот над нив со некол- ку куршуми. „Ќе видат тие!“ рече г. Кузе и придржувајќи си ја шапка- та низ стрмнината, низ која повеќе се тркалаше отколку што слегуваше, ги набапка в џеп парите што ги присобра питропот Медосан од селото и одново отпочнаа маките за слегување со авто мобилот надолу. Таксистот пцуеше и колнеше и пари и ча- сот кога се согласил да доаѓа ваму... Откако г. Кузе замина, долго време немавме никаков абер. Селото вриеше, на трње беше. Поп Клофим зеде и му напиша на г. Кузе: “Драги наш и мил г. Кузе, еве веќе поминаа три ме- сеци, со таа работа не знаеме што стана. До каде е? Дали на- правивте муабет во Неговото Величество? Што вели, ќе биде ли? Те моли сето село. Од име негово ти пишувам. Летото веќе започна, и горештините. Ќе изгори селото. Водичка ни за лек. Се смодосаа и пченките, изгореа; вртовите, исто; бавчите, исто; ни ајван, нема каде да напиеш... Адвокатот Аристо тел само нè молзи, не прави ништо... Не се оди на извор горе, пукаат ли пукаат... Џандарите се постојано со нив. Ги штитат. Денизден воденичарот Петре Ќушко е во костец со нив: тие на него, тој на нив пука. Ќе стане некое чудо“. Фати ли некаде писмото, го најде, не го најде, одговор никаков... Тоа лето фати голема суша, капка од бога не капна. Испу- ка земјата, пајажина од пукотини зашетаа по неа, на места до глуждови да пропаднеш во неа: осушија нивчињата, лозјата, емишите, сè. Рикаа ајваните, пискаше сè, змии шетаа. Сè беше позатворено дома, сенка бараше, никој на работа не одеше; како излегуваше сонцето, така и си одеше, со гламњи по сè да жежи, да пали, да крева и да предизвикува пожари; светкаше небото како огледало свитено, павлага и темница пред очи ти идеше, вртоглавица. Ај, господе што е ова со нас, рекоа Сушани. И во таа сува-сушина, во таа смодотија и амела, една ноќ одеднаш се истури небото; јачна како жена кога се породува и бликна, тури; налета од планината силна вода, влета во корито- то на реката, го исполни, пребликна преку него и залета, забу- чи надолу. Го разбуди сето село. Летна Петре Ќушко ко од оган зафатен, истрча надвор, ја виде водата во коритото, стрчна, се зари со нозете во неа, зацапа, почна да ја гушка, да ја фаќа, да ја бацува, низ неа, крај неа како дете трчаше нагоре кон водени- цата. Но бучеше таа, надојдуваше сè повеќе, сè силеше и нему даваше простор да £ пријде на воденицата; од сите страни на- летуваше, вле чкаше, тркалаше дрвја и камења. Го зафати јазот, каменото корито од воденицата го тури, проби накај воденица- та, го подјаде и лежиштето од дрвено корито, поткопа и крена едно ќоше од воденицата, налетувајќи и плавајќи ја внатре. Но Петре Ќушко ништо на тоа не гледаше, до појас влегуваше во неа, ја гушкаше, отпетлуваше сè да му влезе во него. Со фенери в раце син му Тофил и Скуле, растрчуваа оздо- ла, цапаа, бегаа подалеку од коритото на реката, од улавиот дел на водата и викаа, викаа по татка си; но тој до појас, до гуша за- риен во водата, или не ги слушаше или не сакаше. А кога му се доближија, кога со напор, започнаа да го молкнат, тој молеше: Оставете ме уште малку... Како што одминуваше утрото и запладнуваше, така и не- бото се чистеше; кога сонцето се искачи до својот врв, пак ко- ритото на реката, спласна, се испразни, потсуши и зазбивта ко исфрлена риба на суво. Опустошено и разнесено коритото, изнапол нето со камења, и други остатоци, започна да испарува полнејќи го воздухот со реа на тиња и гниеж. Камен по камен го собираше Петре Ќушко оној дел што му беше однесен од воденицата и јазот. Спотнат и спечен во лице- то, го враќаше кајшто му беше местото и подѕидуваше. Што ти е љубов: син му Тофил се засакал со една од Каме- ново; неа или никоја друга на светот, им одвраќаше на сите, на сето село. Цела година се одлагаше свадбата, à сега ќе ја земи, à после. Од ум ќе излезеше татко му, а и селото. Не памети никој да се дало или зело невеста меѓу овие две села. Збеснуваше тат- ко му, од кожа излегуваше: „Зар со тие гнаси да се сватиме, да се сродуваме! Никако! Во оваа воденица ми е сиот живот, сета мака и пот што ја турив во Америка, ја вложив овдека, во неа. Да има своја воденица селото, да не молкни на плеќи и да не оди во други села. Да оставам спомен и за нив и за мене; зар со тие катили што нож ми бодат в срце да се спријателувам, што од ден на ден ја осудуваат воденицата на смрт!“ „Што имаат тие со тоа, што се тие криви“, се обидуваше син му Тофил да го смекне, да го смири, ништо зло таа фами- лија не ни направила...“ „Во мајчина ѝ нека оди! Едно се сите, сето село се еден гад!“ Од ум ќе излезеше Тофил, не знаеше кој пат да го фати, што да прави, кај да се определи. Распнат беше сиот, два огна му жежеа внатре. Дојде и времето на свадбата. Сам отиде по невестата; ни- кој не сакаше да чуе, ни од роднините ни од селото, единствено само жал му падна на вујко му; му се придружи да не е сам. И само единствено тој го успокојуваше: „Ќе се смири, татко ти, ќе попушти...“ Кога негде пред мракот пристигнаа пред куќата со невес- тата, татко му Петре Ќушко ги пречека со пушка в рака „Марш, Марш! Да не сте се доближиле!“ свика. „Чекај, прибери се...“, рече вујко му од Тофил“, не прави со децата така, чедо ти е...“ „Не, не сум родил јас син!“ рече и ја тресна вратата. 4 „Час среќа, час несреќа, пусти маки наши“, продолжуваше Писанието. „По долго време стигна писмо од г. Кузе. Му пишу- ваше на поп Клофим: „Драги Оче, писмото Ваше го добив. До сега ништо не сакав да ви јавам, зашто првин чекав на сигурно да ја свршам работата. Фатив преку пријатели врски со Дворот, чекав и со неговото Величество да зборувам, но толку ни бил ксметот и среќата: сè во црно е завиено. По убиството на Не- говото Вели чество, на никого за ништо не му е мило во Дво- рот; не му е мило да расправа ни за многу поважни работи. Јас пак ќе почнам да ја бркам работата ќе го запознам наследникот што ќе го наследи Неговото Величество. П. С. Парите што ми ги пративте накнадно отидоа: на еден, на друг за да дојдам до кралот. Сега треба да се почне одново. Во очекување пари, Ваш Кузе“. И навистина дојде време неговото Величество крал Петар II се заинтересира за водата. Прати писмо на Начелството да му се испрати географска карта на нашиот терен и да се оцрта изворот за да види каде припаѓа. Ќе штукнеше селото од весел- ба: Да живее Кралот! Да живее Неговото Величество! Да живее правдата. Се викаше, се пееше, се палавеше цел ден. Од таа пус- та радост и веселба ќе скиснеше поп Паун, на место ќе остане- ше. Откако од куќа во куќа се направија луле, му се втропачија кај питропот Медосан дома да ја докрајчат весе лбата: тој, Трпо Колот, Унифрија Кушо и уште неколцина. Се јадеше, се пиеше, се пееше од „Дуње ранке“ до „Христос воскресение...“ Му се наздравуваше на бога што помогнал и се смислос- тивил да се врати водата, при што постојано поп Клофим, а по него и питропот Медосан и Трпо Колот, при кревање на чаши- те подвикнуваа: „Слава тебе Боже што водата ни ја врати!“ А пак Унуфрија Кушо изнатрескан до немајкаде, подвикна уди- рајќи со шишето на масата. „Море каков господ! Луѓето... Луѓе- то... Што порано не помогнеше, кај беше тогаш, ако постоеше, кај беше порано... „Ја издолжи поп Клофим раката кон устата и му ја затна, но Трпо Колот му потвфрли пак фитили на Унуф- рија Кушо да го дозапали: „Нема господ, велиш, а?“ „Нема“. „По што знаеш?“ „По тоа што - не сум го видел“. „Што си видел?“ „Природа“. А Трпо Колот, без перис на устата, скрцка со забите, го брецна шишето од пред себе, ги отпетла панталоните и рече: „Па на! види природа...“ „Кој закикоти, кој засркна, избегаа жеништата; но по мал- ку, кога куќата зафати да се тресе, ко зафати земјата да се тресе, еден преку друг се стропачуваа сите по скалите надолу, бегајќи во дворот. До што имаше човек се крстеше и викаше: „Има гос- под! Има господ!“, додека питропот Медосан, ѓавол да го земе, кришум се испентерил на таванот и силно ги нишаше гредите. Поп Клофим го кренаа четворица сиот изудиран и прекршен во ’рбетот, тркалајќи се надолу по скалите. После тоа, не утера многу време, пристигна абер од Кра- лот. Го повикаа поп Клофим в град но тој не можеше да се мрд- не од постела. Се собравме неколцина од селото и отидовме во Начелството да ни соопштат. Ни ја прочитаа наредбата: „Неговото Величество крал Петар II наредува водата од изворот Збињец што се наоѓа на територијата од селата Каменово и Су- шево, да оди во село Каменово, бидејќи изворот како што се гледа на картата, е обележан, односно се наоѓа во синор од село Каменово“. „Како на негов синор, како може тоа!“ сви кавме. „Дајте да ја видиме картата, на погрешно место е обележан изворот, фал- сификуван е, каква нивна територија каков нивни синор!“ „Молк! Молк!“ свика началникот, „вас ли ќе ви даваме карти да гледате, вие ли ќе се мешате во нашата надлежност! Кој ви дозволил, како смеете да се мешате и да се сомневате во наредбата на неговто Величество! В затвор! В затвор!“свика кон џандарите кои нè спотераа долу во подрумите и убаво нè истепаа. Што ни требаше, си шепотевме еден со друг со синили по лица, по глави, по снага. Не трпиме лаги, нека нè убијат, велеа други, дубара е ова, ашиќаре се гледа. Лапнале пари во Начелството. Кога се вративме в село испретепани како мачки, „Долу кралот! Долу неправдата! Долу тие што ја ујдурмисале ова ра- бота!“ викаа луѓето. Една коњица џандари дојдоа, испотепаа и затворија еден куп луѓе. Со тешка мака поп Клофим му напиша писмо на г. Кузе: „Што е ова што нè снајде: од ведро небо гром. Кога еднаш ре- ковме: шуќур на господа, ќе се стави веќе еднаш крај на сето ова, правдата ќе излезе на видело, а тоа одеднаш, ненадејно: за сето село трешница! Нож в џигер. Не ни влегува в глава, како можел кралот така да пресуди, да потврди дека изворот е во нивен синор; зар ти не му објасни...?“ „Разговарав со Неговото Величество“, одго вори г. Кузе. „Ќе види пак, рече: направите жалба до кај Него...“ 5 Дур врвеа години да се решат жалбите упатени до кралот (една, две три) Дудул Прлица си продолжи со својот ум: дошто имаше меископано место во селото и околу селото - ископа. Кај што ќе му завлажнеше земјата копаше цели бунари, јами. Ги потпираше јамите отстрана со греди, со штици, ги обезбе- дуваше страните за да не му паднат и со денови длабеше сè во иста јама. Кога ништо не ќе откриеше, оставаше да зјаи како гробница или ја запретуваше и пак на ново место отпочнува- ше да ја дупчи земјата. Кога народот грлото ќе си го откинеше, викајќи против судбината што го снао ѓаше, против тоа што во- дата не можеше да си ја поврати, Дудул Прлица, ко ништо да не слушаше, ко ништо да не гледаше што се случуваше, како да не живееше в село, им велеше на луѓето: „Не цепите си ја главата со празна работа, не редете си ифрит во душата, кренете раце, не бидува ништо со таа вода. В ѓавол нека фати сè... Дајте сами да си најдеме вода... И тоа овдека, близу, околу нас, во селово...“ „Како? Како мислиш да најдеме. Ја знаеш ли каде е?“ му велеа селаните. „Не знам, но ќе копаме сегде; ќе најдеме. Но сите тре- ба, сето село да копа...“ И, вистина, почна сето село: делник, празник; копаше со месеци. Ја направија сета земја во селото и околу селото како војна да поминала, ко да ја откорнувале гранати. А еден ден ги фрлија копачите. „По луд човек сме тргнале“, рекоа. „Зар сам ме оставате?“ „Сам, кога ти е шинат умот...“ му рекоа. „А ако најдам?“ „Хо, господ нека ти помогне, му рекоа луѓето, што са- каш ќе ти дадеме, колку сакаш пари...“ Си продолжи Дудул Прлица сам да си копа. „Мора да е та- му кајшто досега не сум копал“ ѝ рече на жена си, која единс- твено само таа му помагаше, носејќи му јадење сегде кај што копаше. Кога се префрлаше на незакопаните места, му се чине- ше како да избарува одаи на таинствен замок во кој мора да се крие големо богатство. Дошто имаше копачка Дудул Прлица ја имаше ишарено со рецки. Колку што јами имаше откопано, толку и рецки имаше на рачките. Искршените или излижаните рачки не ги фрлаше: ги чуваше дома покажувајќи им на луѓето со која колку дупки откопал, или со која од која година почнал да копа. 6 „Кога се тури државата, се витосаа со неа и нашите жал- би и надежта да излезе специјалната кралска комисија на лице место, на изворот, како што г. Кузе не уверуваше, кој, ние гре- шиме, а тој можеби е прав (бидејќи не е на овој свет, отиде при бомбардирањето на Белград) сè презел кралот за да се исправи грешката... Сврливме една власт, дојде друга, окупаторска. Бог да го прости поп Клофим, нè напушти; запо чнавме ние неколцина сами да ја бркаме работата. Отидовме в град кај италијанска- та власт. Им кажавле сè... цела историја... Кротки душички беа; нè сослушаа убаво и пуштија комисија: еден инженер, мерач и двајца други. Дојдоа горе, го видоа изворот, отидоа и во Каме- ново, зборуваа и со нив и прашаа: „Кој ја имаше до сега вода- та?“ Им кажавме; им рековме: „Каменчани“. „Зошто?“ прашаа. „Бившата што пропадна им ја даде“, рековме. „Па, рекоа, и таа имала власт, што знаеме ние...“ Кренаа рака и си отидоа. Каменчани ставија на изворот арнаути да го бранат. Ста- вивме и ние; кој повеќе души имаше ставено и кој посилен бе- ше - тој ја имаше водата; дè тие, дè ние... Пустите браначи нè изедоа, мајката ни ја расплакаа, нè исцицаа. Од куќа во куќа се ранеа, денеска кај еден, утре кај друг и така редум... Сè најблаго за јадење бараа, нè јадеа што-годе... Пустина нека фати и тоа, нека јадат што сакаат (ние блодеевме, а тие што е најубаво ја- деа) но денеска-утре, пополека ја отсопнаа: фатија по жени и по девојки да ’ржат. Си фативме бела. Кога им откажавме, се здружија со оние што вардеа од страна на Каменово, и од лошо полошо нè најде: насрнуваа ноќе на селото, плачкаа. Кладоа и шеф на бандата, некојси Тефик Лога, пилци дереше. Ним им се приклучи и Канаѓин Светски кој доплива од некаде. Им кажавме на Италијаните, тие нè пуштија кај нивната власт, кај албанската. Ни слама ме ни фрлија: не знаеме ние ништо за тоа, рекоа, бегајте. Кога чуја тие, зло поголемо нè најде: врзуваа луѓе за коњ, влечеа, тепаа; проценки на секоја куќа ѝ редеа, која колку треба да даде пари. Во тоа време син му на Шавре, Танаил стана толмач кај Италијаните. Научи италијански кога стапи на работа во ита- лијанската фирма што го изведуваше џадето крај Голема Ре- ка долу под селото. Тој ни рече дека ќе ни помогне и нè научи како да зборуваме, и бидејќи го знае јазикот, тој и свое нешто ќе придодаде; отидовме со него во Карабинеријата. Ние збору- вавме, тој преведува. Добро, рекоа Италијаните, ќе дојдеме пак да видиме. И, вистина, дојдоа. Го израшетаа повторно селото, го видоа и го разгледаа коритото од реката, пусто и подгоре- но, невидело којзнае од кога вода. Во сето тоа Ламбе Футак ни ја загорчи радоста, нè забележа кога врвевме по патот и на си- от глас започна да вика, протинајќи ја главата низ прозорец: „Никој не ќе ве излечи, никаде не ќе најдете лек, само потопот, господ кога ќе удри со потопот, тој ќе ве излечи... До кај што ви душа сака, дотука ќе имате вода...!“ Не знаевме што да им објасниме на Италијаните, што да им кажеме; да ни беше на дофат в земи ќе го спотеравме... По неколку месеци започнаа Италијаните да прават нека- кви планови; зпочнаа да цртаат, да мерат колкав е протекот на изворот, примерок од водата зедоа во шишиња, ја мереа дол- жината на коритото од изворот па надолу. Поставија шатори крај изворот, донесоа цимент, железо, алати, собраа работници за сечење и влечење стебла од пла нината, складираа материјал крај изворот. Маските постојано како мравки една за друга се качуваа натоварени кај изворот и пак слегуваа долу на градилиштето на патот крај Голема Река да понесат нов товар. Се- лото излегуваше, гледаше сè, сè следеше и се чудеше што ли ќе биде ова, што ли ќе се прави. Се ширеа гласови: водовод ќе ни прават Италијаните, ќе изградат бетонско корито од изворот до селото. Веселба низ селото, им се носеше на Италијаните ра- кија, се пиеше, се пееја италијански песни, се носеа италијан- ски алишта, капи , чевли; пропушија сите деца од цигарињата што ги добиваа за неколку жаби или за желка. Ра стрчуваше Та- наил со нив, мешаше нешто и пари ни земаше. А кога татко му стана кмет, заедно сè правеа. Не потераа многу време, в несвет ќе паднеше селото. Што ти било сето тоа: тој проект, тој водо- вод не се правел со нас, туку за градилиштето долу крај Голе- мата Река. Ја изнашле оваа вода најубава за пиење и најблиска до градилиштето. Почнавме да се буниме, кренавме глас, и ка- менчани кренаа глас, но кој нè слушаше и фермаше. Започнаа и тие да маваат и да затвораат. Но дојде ден, даде господ, се сневидоа и тие, капитулираа. Како го започнаа резервоарот, така и го оставија. Но растера- ните орли, пак, се вратија, пак нагрна бандата на Тефик Лога. Надежта наша единствено е сега во парти заните, во четата на командирот Гашо, син му на Корун. Слушаме пустош напра- вила по другите места. Господ да ја донесе што побргу ваму“. 7 Тофил, откако татко му Петре Ќушко, го отера, во првите денови се насели кај вујка си, а потоа се пресели во една на- пуштена селска куќа, ја подотера малку и започна во неа да жи- вее со жена си, сами, како на некој остров, како во некој пуст и непознат свет. Никој од селото не сакаше ниту да ги види, ниту да зборува со нив. Кај ќе го сретнеа него или жена му сè поп- реку и презриво ги гледаа; било кај да ги видеа им вртеа грб: в црква, на чешма, по пат; како в дивина да беа... Штом дојде- ше до расправија за водата, штом нешто околу неа ќе станешезбор, нив неизоставно луѓето ги земаа в уста, за нив зборуваа, со јад и омраза во душата: „Така е, ќе ни толчат пипер на гла- вата Каменчани, велеа, кога и ние самите сме за никаде, кука- вици, кога толку ниско им паѓаме да бараме од нив жена, да се понижуваме“. Ќе пукнеше како костен жена му од Тофила; в џенем да бе- ше зафрлена подобро ќе се чувствуваше, подобро ќе живееше. По смртта на вујко му згасна и тој единствен допир со него. „Да одиме кај моите во Каменово, да живееме таму“, му велеше на Тофила, но тој не сакаше да чуе за тоа. Му предлагаше: би- ло каде некаде да одат во светот, в град, или на друго место, но тој и за тоа не сакаше да чуе. „Не го напу штам, велеше, селово, колку е нивно, токлу е и мое... Не се корнам за ќеиф нивни... „Отскитуваше по ден-два по околните села да одработи нешто и пак се враќаше... Им се роди син. Надеж во осаменоста... 8 Петре Ќушко со помалиот син Скуле постојано ја дотеруваше воденицата, коритото, јазот, ги сменуваше изгниените и дотраени перки на тркалото и денизден чекаше, се надеваше да се врати водата. Во окупацијата, по заминувањето на син му Скуле в пар- тизани, падна болен. Никој немаше да го погледне, да му по- могне. Син му од Тофил, веќе потпорастен малку, со голем напор ја отвораше вратата, влегуваше со голем страв во мрачната задушлива соба кај што лежеше Петре Ќушко, не знаејќи зошто и за како му го дава канчето со млеко мајка му и татко му, да му го однесе на стариот. Го оставаше канчето крај столот од Петрета, и кроце, пак со страв, излегуваше надвор. Петре Ќушко испружувајќи ја раката од под веленцето, го брецнуваше канчето со млеко на подот. По смртта на поп Клофим, Сушево остана без поп. Оста- на и Преслап, каде што поп Клофим одвреме-навреме одеше да држи служба. Но преслапчани не останаа многу време без поп. По кусо време Трифиле замина в Албанија. Што стори, како стори, ете ти го - поп; ни брадата не му беше порастена. Се нудеше и во Сушево да службува; на врат му се качи на кметот. Кршете му глава, викаше кметот, каков Трифиле: пијан појде, пијан дојде; никогаш не му е чантата без шише; питропите се муртат кога читаат: тешка реа ги удира в нос од книгите што им ги дава; ќе згнијат од секакви ракии; по задушници секогаш се враќа со пеење дома; од пагур до пагур, од гроб до гроб, од жена до же- на: крени, крени и грголи со грлото. Јас сум поп со тапија, велел, главата ми пукна од учење; што ви недостига, кој досега се поплакал? Над умрено - редот за умрено го терам, над венча- но - венчален, над родено - родилен... Долго време жените од- бегнувале да му бацат рака: како ќе му бациш, велеле, на човек што до вчера си го познавал, си го пцуел, слама не си му фр- лал. Но полека сè си добивало свој ред: започнале и рака да му бацуваат, и грешните на колена да му паѓаат и за божји спас и утешение да го молат и сите адети да му ги прават. А кога ќе влезел дома, не излегувал лесно: на секое скалило запирал и цврцнувал по еден пагур: девет скалила - девет пагури. Откога станал поп и погребенијата во Преслап се измени- ле; по нов начин почнал: над умрениот не се тажи, не се плачи, ами свирки, тапани; се пее. Покојникот така сакал, така - рекол пред умирање, таква молба оставил на жена, на деца, на прија- тели... Бре, се чуделе луѓето, добро тој, еден, двајца, да речеме, ам’ова сите... Се колнел попот: нему смртникот, покојникот му оставил во аманет, го преколнувал: плачење да нема, а радост, веселба: така вечно ќе е жив, вечно ќе се слави, меѓу нив ќе е; лага ќе е смртта, ветриште; ќе му игра срцето, ќе му набабрувадушата: продолжува животот, исто како што си бил, како да не згаснал; со песни, со веселба... И се тресело орото над гро- бот, се фучела мантијата на попот, се фучеле сите блиски, сво- ештина, пријателите, другарите... Викотници и шишиња... Чуле карабинерите; отишле право на гробишта. Што ќе е ова, се чуделе; сомнително им било; побарале пак одново гро- бот да се раскопа, да се види... Затропале лопатите: тргај, фр- лај и дошле долу; го откриле капакот, а внатре кутрото лице на старицата како да се потсмевнувало: благо, задоволно. При- тропале лопатите и пак назад со земјата. Шишињата, кружејќи дошле и до кара бинерите: двапати, трипати и ножињата нивни зафрчеле заедно со другите во орото по раска шавената земја. „О, обичаи, мама мија, о обичаи!“ ќе излуделе од радост карабинерите. По патот попот им одел провиснат на рамениците. „Што стори, бре, попе“, му викале селаните: „јок стана, лајно!“ Тој одвраќал смеејќи се: „Ако, само големо да си... Ако си мало - ќе те газат, ако си големо - ќе те прескокнат“. „Кршете му глава, рече кметот, не ни треба тој; ќе најдеме друг поп“. Денеска, утре, друг поп немаше; а може ли село без поп: народот остана без душа, без татко, обезглавен, обезверничен, без божја заштита и милост: ни човек да се закопа, ни мало да се крсти, ни свадба како што е ред да се направи. Смекна кме- тот: „Ајт’ нек дојде“, рече. Идењето со среќна нога му беше: се погоди свадба, од кај ридот се спушташе како да лета на облаци: му се вееше ман- тијата заедно со прашината што ја креваше коњот; дупејќи го со нозете по слабината, пукаше со пиштол. Истрчаа сите: ви- котници и веселби... По венчавањето никаде не се виде: од цр- квата право кај зетот: се натреска - дренка. Го бутурисаа во ед- на од собите: два дена не можеше да стане... Жими таа свадба; не направи никој друг; доаѓаа колони од градот, го опседнуваа селото: ни црква се виде, ни ѓавол. Од онаа ноќ кога се потресе селото, попот веќе не дојде. А пострашна ноќ немаше: заодѕвиваа одненадеж камбаните на црквата, одекнуваа планините. На питропот Медосан рацете ќе му отпаднеа: се оптегаше и клекнуваше со јажето в рака. О, господе, што ли ќе е ова, се крстеа луѓето лепејќи ги очите на прозорците; се палеа кандила и ламби, се палеа гламни, светкаа низ дворовите, куќите, сокаците: се здружуваа и правеа долг запален синџир кон црквата. Пред вратата се издоближија кан- дилата, ламбите, гламните; пла менот потскокнуваше одблесну- вајќи по главите, по лицата, по косите. На прагот од вратата потпирајќи се со раката на ремникот јадриот црнокошулец ре- шеташе со очите кон немата толпа луѓе; до него кметот премет- куваше тефтер низ рацете. Зад него војници. Црнокошулецот се свтре кон кметот; кметот ги крена очите од тефтерот и рече: „Неговата милост прашува: сите ли сте овде?“ Молк. „Што прашувам?“ „Не знаеме; кој како чул...“ „Гламна ваму!“ свика кметот. Виделинката игра по тефтерот: кметот со ишиклени очи шета по родословот селски и прашува дали има од: Алуловци, Скулевци, Торбичковци, Пашовци, Исидоровци, Дудуловци, Стаменковци, Шкуртовци, Коруновци, Шаркулевци, Србаков- ци, Кежовци, Бимбовци, Кречковци, Ѓеровци, Ќушковци, По- лишупковци, Аврамовци... Откако изизчита и откако кој се јави, кој не, рече: „Е, виде- те, неговото уважение, наредува: од секоја куќа мора да се даде нешто: по едно грло добиток или по две: кој како има...“ „Зошто?“ „Пстт! Затни ја устата“. „Кој добиток? Од кај имаме ние; од каде на ова пустелија, на овој камен...“ Црнокошулецот гледаше во кметот: „Што станува? Се буни ли некој?“ „Не им е јасно, ваше уважение“. Црнокошулецот ги дораскречи нозете; со рацете стежна на коланот; од очите му фрчеа осилки. „Можеме ли да си одиме сега? Слободни сме?“ „А, не; неговото уважение вели: никој да не мрднал; сите тука да останете. Ве знаел што несреќници сте вие; имал ис- куство од други места; при собирањето сте правеле триста ѓа волии: сте го криеле добитокот, сте му го удриле стапот да се распрсне низ шумата; траг да не му се најде. И затоа ве собра овде: а по куќите лично ќе се проверува...“ Главите ги испоткасаа јазиците и се сиросаа. Рикот на добитокот небаре го корнеше небото: се измол- кнуваше од куќите, ќералите, дворовите, се клоцаше, се уди- раше со кундаци по патот и се потиснуваше на широчината пред училиштето. Излегуваа расплакани деца и вртеа околу нив. Главните пред вратата од црквата беа издоближани една до друга: вртеа со очите кон просторот од училиштето, кој ка- ко да се уриваше од рикот; на бел ден, на пречисто летно утро, видот им се зама глуваше. Каменот наоколу ги подаваше заби- те; низок ветер се напињаше, бараше нешто да се дофати за да се крени. Не потера многу време, месец-два ли беше, запонаа луѓето да умираа: штом еден ќе се закопаше, се почнуваше со друг: по неколку во денот; ни платно, ни ништо веќе не остана во дуќанот: голи ги закопуваа; подископај дупка, чинеа, и фрли го. Душата му падна на поп Трифилета. Откако фрли земја на син му од Стамен, што црнокошул- ците го отепаа, а потоа и на Стаменица, која пукна од жал за него, не се виде веќе ни црква, ни ѓавола. Камен голем стежна во селото; никој никому не му беше мил. Но не појде долго време. Едно утро ќе се префрлеше од ра- дост селото, ќе се споплавеше; се бацуваа сите меѓу себе:капи- тулира Италија. Песмајката на Дучета, Мусолинија! Мамето на Германија! И неа ќе ја наврат... газеа под себе италијански капи, ги чкртаа паролите по ѕидовите: „Вива Мусолини, вива Дуче“ и допишуваа: „Пцовиса црно куче!“ Но по неколку дена пак шашми низ селото, узбуна нена- дејна. Ај, мајката што ќе е ова? се возбудија луѓето. Истрчуваа да видат што е. По сокаците растрчуваше питропот Медосан и викаше: „Излегувајте луѓе, излегувајте!“. Се бесеа луѓе по врати, ги наддаваа главите преку плотовите: „Гори ли нешто, Медо- сан?“, „Не, браќа, не гори ништо, туку иконите ги нема во црк- вата...“ „Иконите? Како така, бре, Медосан?“ прашуваа луѓето. „Така, Метла. Метла низ црквата... Празни се ѕидовите... „Како тоа да се стори, бре, Медосан, како не си видел?“ викаа луѓето. „Така. Во последно време попот не ми го даваше клучот мене. Јас ќе го чувам велеше, нејќам тебе да те земат на душа; време никакво е сега: кој ќе му знае што сè може да биде...“ И ете, што бидна, ете, што се случи. „А каде е попот?“ „Не знам, браќа, ми паднаа нозете од трчање дè ваму, дè таму: никаде го нема: ни дома му, ни в село. Некои велат фатил со Италијанците; го ви- деле дента кога клекна Италија со карабинерите слегувале за в град качени на коњи; еден на друг си ја подавале плоската со вино и врескале, пееле од „Вино пијам, ем ракија“... до „Вечна му памјат...“. Сигурно ја дувнал со нив во Италија... Други ве- лат каква Италија, отишол в шума...“ Умот ќе му излезеше на питропот Медосан: ни свеќи бараше, ни служба божја. Луѓето ќе го изедеа; попот или тебе за гуша... Нозе му отпаднаа, уста му се исуши, очи му истекоа: од село во село, под дрво, под камен го бараше, но попот никаде го немаше. Дошто беше куќа во Сушево и Преслап ги изизвр- ти, дошто најде пријатели испраша; акаше секаде до каде што потчу, до каде што му поткажаа: по ридови, по долови, по гове- дари, по овчари, нигде па никаде го немаше попот... Со торба преку рамо попот акаше низ ридјето. Се приклу- чи во четата на командирот Гашо. „Ви се придружувам“, му рече на командирот Гашо. „Си се дружел со Италијаните, чув?“ рече командирот Гашо. „Па, морав, другар командире...“ „Хм, зошто?“ „Пиштоли им земав, другар командире. Јас икони ним, - тие мене пиштоли. Се сневиде државата наша, велеа, капиту- лира; не ни требаат пиштоли веќе... Џенем со иконите, им ве- лев, нам пиштоли ни требаат; и куршуми, капито? Капито, ве- леа тие и ми пикаа пиштоли во појас“. „И?“ ги крена веѓите командирот Гашо. „И - еве ги донесов...“ Ги вртеше командирот Гашо, ги подотвораше и се смееше... „Сега, другар командире?“ „Што сега?“ го загледа командирот Гашо. „Сакам да бидам примен кај вас, да ви се придружам“. „Толку ли сакаш?“ „Да, другар командире...“ „Хм, напиши автобиографија...“ Ѓаволски тешко започна да пишува; не знаеше од каде. Му крцкаше моливот во забите, го грепкаше по јазикот. Исплука убаво и почна: „Јас Трифиле Трифилев, роден во пусти Пре- слап, пуста Вардарска Бановина, пуст целиот живот сум бил; од татко пролетер сум бил: ништо немал: еден чекан и мист- рија; скитал по бел свет и се ранел. Му отиде животот доста млад: падна од скеле. Не знам што донесоа во ковчегот; го зако- павме без адети од пусти сиромаштилак; нека му е лесна земја- та. Имав сестра и неа господ ја зеде. Таа в темница - а и ние со мајка ми; таа по нивје и ливади туѓи, јас со чеканот и мистрија- та од татко: ни за мене леб, ни за дома. Ги фрлив и ја фатив кел- нерската: дошто беше кафеана во Белион1 изменив; ги засакав пијачките. Кога ѝ ја расплакаа мајката на Државата - и мене: сотриста маки по ридој и долој се вратив дома. Снема папо: фа- тив во Албанија: кршев камења по џадиња. Сè ми беше темно, до зла бога ми беше темно. Мислев светлина ќе најдам: заработив маклу пари и ги тутнав во Тирана: поодев на курс и станав поп. Кога се вратив дома, прво мајка ми ја закопав; ја најдов на умирање од пуста офтика. Ме погледна во брадата, во мантија- та: нешто со тебе не е во ред, синко, рече и пушти душа; бог да ја прости, бинлак ракија £ најдов скриена; три дека не станав од постела; сакав сè да изгорам во мене. Сфатив: ништо не ти бил животот; мајчина му, реков, умирачка има; и си почнав ка- ко што ми фаќаше умот да живеам: со шише и песна. Со гос- пода мајчина му, немав ништо: ни пред тоа, ни по тоа; си терав како што ми беше ќејф. Кој од луѓето ме сакаше, кој ме неќеше. Едни господа го симнуваа од молитви: ваков поп, ваква душа не сме виделе, велеа; други попреку ме гледаа; многу тераш по свое, велеа. Моја работа, браќа, каков сум, таков сум, им велев. Ми идеа и секакви гласови до ушиве:море тие горе в шума сè и сешто рушат; какви цркви, кочници се тие! Каков бог, ка- ква вера - руши такви трујаќи! Дај одново сè! Ми подрече некој од вашите: Море, што ти треба поп, мочај му се на тоа, ајде со нас... Ах, бре браќа, кој ти знаел порано: слушав се одело в шу- ма, се правело нешто, се кревало револуција, ама, реков, сè уш- те е матно, нека се поизбистри... Е еве: пилето си е пиле - пак со јатото дојдов. Толку; кажав што имав; Трифиле Трифилев“. IV 1 Четата на командирот Гашо, откако при еден ненадеен на- пад, ја опколи бандата на Тефик Лога кај изворот, не давајќи му можност на ниеден да се извлече, започна да се спушта кон манастирот. Утрото е будалско, луничаво: подизлегува сонцето, пот- фаќа дел од штотуку запупената шума, влегува во тилот и под пазува подлазувајќи како топла милувка, како млака вода, ка- ко одгризок на мајушно јаболко в уста, како вкус на тукушто зазовриена шира, ти пика в ноздри благ мирис на боз и јагли- ка - и пак како да се збрблавил ветрот, како нешто да го удри- ло в глава и ошемоглавило, сјурнува од кај што не се надеваш, нафрлувајќи ти во очите водести иглички и ситни лапавички што те облетуваат како крилца од бели инсекти, пуштајќи ти влажни, блуткави конци низ челото, веѓите, клепките, устата; ја запердашува некоја птица за крилјата и опашката и ја отфр- лува како да ја брецнува во просторот, и пак зафаќајќи ја од сите страни, ја враќа под стреите манастирски; „Што ли му е боже, на времево, вели некој, каква ли е ова пролет?!“ „Рана, рана е...“ вели Скуле заткривајќи му се со лицето на ветрот, а тој ги разгрнува сите ветки што му пречат околу манастирот, ги потурнува наваму-натаму, правејќи си премин, и ослободен, со сета сила стрмоглавечки паѓа во дворот мана стирски, се из- навиткува како прстен околу стеблото на липата, го изоптегну- ва обрачот низ сиот двор и со зачестени замавнувања одлепуваод земјата по некој лански лист, кој како сопната, неподвижна птица, веднаш паѓа; збрлавен и исшемоглавен ветрот се испен- тарува по стеблото од липата нагоре, ја завитлува крошната стреснувајќи ја силно - и палавнички одјурува некаде. Четата врти околу високата камена ограда на манастирс- киот двор. Коњоводците ги тупкаат коњите по устата и обра- зите да го смалат фрчежот и шумниот здив и запираат кај вра- тата потпрена од внатре со потпирач; цеповите низ неа фаќаат само простори и предмети што ништо не значат. „Двајца доброволци...“ вели командирот Гашо. „Ние...“ се јавуваат двајцата младинци Гаврил и Аргил. „Кроце преку ѕидот и внимавајте...“ Тишината ги шили нервите: ни внатре, ни надвор шум. „Да влеземе сите, другар командире...?“ „Не; трпение, првин да се извиди...“ Крај имало на трпението: по калдрмата низ дворот одзво- нуваат чекори; турнатиот потпирач и шкрипежот на клучот во бравата, ги остри и ги напрега сите сетила; вратата подзину- ва; на прагот како фреска се покажува калуѓерка со голем крст провиснат на колкот: гледа како да стрела; зад неа Гаврил го др- жи автоматот в рака: хм, фркнува со носот таа и чека да ѝ при- јде командирот поблиску. „Ние сме, рече командирот Гашо, партизани; не плаши се другарке“. „Не сум другарка; Сестра Меланија...“ „Кој има внатре, Сестро Меланијо?“ Таа молчи; Гаврил шушлее: „Има уште две; и еден стар...“ Вратата раззинува и калдрмата силно заѕво нува од чевли и копита; тишината внатре разбегнува на сите страни. „Што правите овде?“ вели командирот Гашо, развртувајќи се низ дворот. „Ве чекаме вас!“ пак фркнува диво Сестра Меланија. „Како?“ „Сите ли сте вакви?“ Командирот Гашо се збунува: „На што мислиш? Не разбирам...“ „На ова...“ стреснува со главата и тргнува пред него по скалите од чардакот; треснува со ногата на една од вратите; во собата чудо: две млади калуѓерки стојат до ѕидот со затнати ус- ти и свртени раце; Аргил се уште се обидува да ги скроти; „Што е ова?!“ свикува командирот Гашо. Гаврил и Аргил д’ткаат. Ѓаволи, другар командире, не разбрани суштества...“ „Што станало? Што сте ги врзале?“ „Моравме... При влегувањето ѓаволски спискаа; не сакаа да замолчат; а што знаеме кој се крие овде и што сè може да има... Можеа да нè не оддадат...“ Една калуѓерка замрда со главата и затропа со нозете. „Одврзете ѝ и ја устата“, наредува командирот Гашо. Калуѓерката земајќи здив, грмнува со сета сила: „Лаже! лаже! Погледнете овде...“ покажува на вратот; се доближуваат сите. „Ми ги зари забите; гледате ли? како куче“. Сестра Меланија го засркнува здивот: Иииии! и ја затна устата со рака. Командирот Гашо остро погледнува во Гаврила и Аргила. „Морав, другар командире, нож вадеше... Не сум пукал ни- когаш во женско, но на нерви ми идеше; крвта ми ја зовре...“ „Бре, а зошто? Зошто, кажи?“ се силеше калуѓерката. Сите се гледаат со молчење. По малку кома ндирот Гашо процедува: „Одврзете ги“. Ги трга настрана Гаврила и Аргила и им стрешнува: „Што значи ова, а?“ Гаврил и Аргил молчат. Се допира Стамен да ја смекне лутината на командирот: „Млади се, командире; им лета умот...“ „Хм“, нишнува командирот“, никакви ѓаволи повеќе! Разбравте ли?“ „Разбравме...“ Излегува надвор: со рацете ја стиснува оградата од чар- дакот и со очите шета по просторот манастирски и по липата во дворот што се цеди како долга коса плисната со вода. Изво-рот под оградата манастирска се полни со гнилеж што го довле- чкуваат калливите браздички отсрана и се мати; од земјата се крева здив на мувла и киселина. И денеска утрото веќе е време да го отвори окото, а тоа како да е дупнато, како да е истечено: светка со белките, со не- виделото, солзее грозно водиште, грозен дожд: налетува, уди- ра на дрвјата манастирски, на покривите; ги бичува главите, рамењата собрани во стројот, дупи низ палтата, низ кошули- те, гризе по кожата и сите жили и жилички ги згрутчува, ги набира како грутка што пука. Виделинката темна, морничава. Просторот темен; морничав; очите, лицето, темни, морничави. Небото се распаѓа, се ки не на парчиња наврено на врвуш ките од липата што стинее, што се тресе. Пупките на врвчињата ка- ко крилата инсекти цврсто се стегаат, се затвораат. Под дабјето што клекнале не можејќи ни себе, ни небото да го додржат, раскашавената црвеница исфрлена од гробот, како крв се рзлева околу нозете на Стамен и челникот Скуле што кроце и внимателно во шаторско крило го спуштаат Три- филета во гробот. И петокраката на парчето штица се кисне, се разлева и тече како крв. Ех, што ти е живот - ништо, рече Стамен пред да ја стру- поли лопатата со земја врз телото од Трифиле; до вчера, до пред малку ти дишел покрај тебе, ти зборувал, се смеел, те пофаќал, од една чинија сте јаделе, просто, слепен за кожата, како да сте едно, и в миг - сè како да било ништо, како лага да било, при- вид, сон; за вечност го нема. Кутар Трифиле, како да не бил, како да не постоел. Тогаш куртули од куршумот, не го стрела командирот: дувна една ноќ без прашање, без дозвола, да го ликвидира пит- ропот Медосан... Го клеветел пред селото: „За пари им ги ис- продал иконите на Италијаните, велел. Едно чудо пари зел...“ Пред вратата манастирска ги пречека Аргил: „Го закопавте ли?“ „Да“. „Сега ќе треба уште еден гроб да ископате“, рече. „За кого?“ „За Размета. Чув ќе се стрела...“ „Ќе се стрела? Зошто?“ „Ех, зошто: меѓусебно пукале: кога загинал Трифиле, раз-ме го убил Алула“. „Ај, не дроби...“ 2 Под долгиот чардак што ги опашува конаците на манасти- рот е вратата за влегување во визбата. Кога четата се спушти во манастирот, таа беше заклучена со катинар голем како пешник. По неколку дена кој ја отвори, како ја отвори, не можеше да се разбере. Навечер кога мракот ќе го обвиткаше манастирот, кога ќе му ухнеше спокојство и сон, по чардакот, по скалите напрстечки, полека слегуваа Три- филе, по него Алул, по Алула Разме, по размета Сандре... Сле- гуваа до вратата од визбата, се развртуваа небаре бараат неко- го, небаре фаќаат некого и пополека, потргнувајќи го резето запнато на еден железен шилец што одвај стоеше на штицата, го придржуваа катинарот за да му го придушат ѕвекот, го от- пуштаа пополека да виси на вратата и пак еден по друг по тес- ните скалила се спуштаа во визбата. Клекнуваа до бурето, му ги отчепуваа дупките што му ги издупија со кама и колку што можеа ја разинуваа устата; тенки бели шурки стркаа на сите страни: в нос, а лице в очи. Устите се лепеа на нив и ги зачепуваа: благ трпнеж им слегуваше по грлото, по крвта, по кос- ките; визбата добиваше крилја, леташе; со неа и тие. Гребеа од земјата, правеа кал и распалавените шурки повторно ги зати- наа. Се измолкнуваа од визбата, го затвораа резето - и пак еден до друг, по скалите, по чардакот напрстечки одеа и шуштејќи со прстот на устата: шшшштт! влегоа во собата. Господ наутро не можеше да ги разбуди. Но вечерта пак по скалите надолу... Се враќаа во собата размавтани со рацете, подраскречени во устите, во лицата, во нозете, опеснети во срцата, во душата; им иде да викаат, да ја корнат собата од песна, но само низ заби и низ нос завиваат и тивко ја растегаат песната што не £ се гледа крај; со нозете како нешто да клоцаа пред себе. Ај, мајката при- скокаа сите: им вртчнуваа в лице, в нос: каде ли се натрескаа, каде ли најдоа ракија? „Вие се намачкавте, браќа, а?“ „Трошичка, трошичка... псссттт!“ „Каде, бре, браќа, каде, кажете, живи души?“ т’ндркаа гласови околу нив. Сандре потпирајќи се на ѕидот нишаше со прстот пока- жувајќи надолу. Притопаа скалите, притопаа вратите, резето, притопа и бурето: дупи, дупи. Од сите страни црвчеа шурки, црвчеше бурето како мешина издупена, се стискаа уста до уста, глава, до глава: „Ау, мора да има илјада степени?“ „Три...“ „Не пијте, не пијте, ѓавол да ве земе“, викаше по нив чле- никот Скуле. „Зошто да не пиеме?“ го прашуваше Трифиле. „Така, не чини...“ „Си пиел ли ти?“ „Не“. „Е, тогаш ти не можеше да ни дадеш совет“. Татнеа песни по чардаците, по собите; клекну ваа некои на земјата во визбата, лазеа по неа, мирисаа и бараа копачки да копаат. Поп Паун како пеперутка, како сениште облетуваше во бела ноќница наврен и слегуваше по скалите да ја бара Сестра Меланија. „Си одат ли Сестро?“ „Не“. „Што е веселбава?“ „Што ќе е, нечистиот да те земе! Не ли ти реков сите бу- риња да ги закопаш?“ Камен или врела круша му застана на поп Паун во грлото. Цел ден со Сестра Меланија ја прекопуваа визбата: ги вадеа бу- рињата и ги пренесуваа на посигурно место. Визбата сега сè уште штипка за нос од неизветреана реа. Бурето стои изрешетано како човек што позема душа. Прозор- чето е залепено до работ од таванот и оскудно позема светлина како желна душа. Светлината паѓа косо и прави испре кршено квадратче во ќошето: на него седи Разме и не помрднува. Зад прозорчето одвреме-навреме ги гледа нозете од Сандрета. По калдрмата стркаат јадри капки што се двоумат. Нозете од Сан- дрета клекнуваат потпирајќи се на кундакот од пушката и пот- шепнуваат по нешто низ прозорчето: „Ај будала, ќе ти летне главата... Што ѓавола те натера...“ Разме стиска на забите и молчи, а низ умот му се премет- кува: во мајчина сè... „Ела поблиску, кажи како беше, што беше: што ѓавола те натера да го убиеш Алул, другарот свој? Зар не размисли мал- ку, зар не помисли: жена оставаш, дете...“ Од Размета нема глас. „Ај, мајката, што си, камен или човек, дојди тргни се од ќошето, земи го цигарево и речи нешто; кажи што да му речам на синот, што да правам со него: сношти го префрлив од кај ка- луѓерките кај нас во собата: повесел е... Трча по капите, ги вади од сите и ги реди на глава. И по пушките трча: сака да пука, но ние кришум му ги вадиме затворачите. Душата ми плаче кога ќе го видам, знам како е, знам што значи... И јас имам неколку... Често плаче: сака да оди кај мајка му. Да го пуштам ли?“ Се вѕира Сандре, но не гледа веќе ништо од Размета: само црно купче собрано во ќошето. Надвор дождот сè живо ќе потопи. Небото е слезено и притиска врз земјата; таа горчлив мирис испушта. Птиците шумно влетуваат во камбанеријата и се бесат на ѕвонарите; врескаат. Сонцето барајќи пат до злабога се измачува; излегува како гламна што подразгорела, светнува, но повторно зацрчу- ва и гасне полеана од дожд. Во одајата над визбата мириса на босилок, на темјан, на восок. Сонцето како догорче ќе се јави од некаде, ќе заграби еден дел од дождот што се двоуми и ќе го изналепи на стак- лото од прозорецот, претсторувајќи го во крв; крвта пробива низ стаклото и шета низ ѕидовите, по подот; £ го фаќа лицето на Богородица, обесена на ѕидот, и ги полни очите £ капе на нејзините раце превиткани под мишките на детето што го др- жи, капе по главата на детето, по лицето, целото крвјосува, но тоа се смее мирно, кроткичко. Плиските слегуваат и надолу и зафаќаат друга рамка, го преливаат распнатиот Христос, се ме- шаат со неговите рани, со крвта негова. Раката на командирот Гашо му поигрува на масата возне мирено. Го става моливот и се опира со грбот на столот од резба. Богородица го гледа пра- во во очи. И распнатиот Христос. И детето во рацете на Бого- родица. Кај да се сврти, тие во него гледаат. „Ви пречат ли ико- ниве“, му потфрли налутено Сестра Меланија, кога тој некни се всели во одајата. „Не. Зошто?“ праша. „Чув сте имале варвари меѓу вас. Но добро е што сте ги ликвидирале...“ рече таа и ја зе- де едната икона што стоеше на масата. Командирот Гашо ги спушта очите од иконите и продолжува: „Радосен сум татко што си станал претседател на Одборот селски. Гледај што побргу да ја спроведете акцијата за со- бирање помош. Од сите села добивме помош, од вас ништо...“ Камбаната го прекинува: одекнува тешко и морничаво. Тој турка на прозорецот и вика: „Што станува? Кој пак бие, по ѓаволите!“ „Игуменот, другар командире“, вели Скуле. „Што му е, врагот да го земе! И сношти биеше...“ „Сношти биел за Трифилета вели игуменот“. „А сега?“ „Сега вели: за Размета... Чув ќе сте го стрелале, нека му е лесна земјата...“ „Речи му: в џенем нека фати!“ свика кома ндирот Гашо треснувајќи со прозорецот: „Нека престане...“ 3 Калуѓерките никаде не излегуваат: постојано се вртат во својата соба, низ манастирските простории, но во дворот ни- како не слегуваат, со никого не сакаат да се сретнат, со нико- го не сакаат да се погледнат: како катинар да им стави некој и на устата и на очите од оној ден кога долго клечеа пред Сестра Меланија, пред игуменот и пред иконата на Богородица; длан- ките ги прилепува кон усните и крстејќи се тивко шепотеа; на секој знак од Сетра Меланија се свртуваа кон неа: „Зошто сте дојдени во манастиров?“ „Да му служиме на бога“. „И уште?“ „Немавме што да јадеме... останавме без никого ко- га започнаа сите да ги собираат, а куќите да ги разурниваат и палат...“ „Да се откажеме од сè што е лошо и спротивно на светата калоѓерска должност...“ „А за тоа?“ „Господ ќе ни плати...“ „Да, а вие уште веднаш започнавте, скраја да е...“ „Се браневме Сестро...“ „Пстт! Речете: погрешивме...“ „Погрешивме, Сестро...“ „Станете“. Се упатија кон раката на игуменот и ги спуштија усните на сувата, жубурлава кожа, а потоа ги пренесоа и на раката од Сестра Меланија. „Од денеска никого не познавате; никого со очи и зборо- ви... Манастиров само... разбравте?“ „Разбравме...“ „Прости им господе...“ „Амин“. Но овие дена пак почнаа да илзегуваат и почесто да се врт- каат низ дворот: го поминуваат дворот, ја поминуваат и врата- та, чкртајќи со празните кофи во рацете; ги туркаат со колената пред себе долгите мантии и слегуваат низ дабарот по врвиците што скалесто се спуштаат кон изворот. Се враќаат поднаведна- ти од тежината на кофите; ги оставаат и пак со други слегуваат надолу. Гаврил и Аргил им го попречуваат патот: „Каде?“ Калуѓерките молчешкум продолжуваат. „Слушате ли, прашуваме каде?’ „Зарем не гледате: по вода“. „Забрането е излегување подалеку од мана стиров“. „Ја? Зарем ќе умреме за вода?“ „Никој не мисли на тоа; само мораме да внимаваме; да знаеме кој каде оди...“ Калуѓерките молчешкум се спуштаат по врвицата; по нив Гаврил и Аргил, на изворот калуѓерките го мијат лицето: тоа им се вцрвува, гори. Гаврил и Аргил седат понастрана и гледаат во нив; калуѓерките ги полнат кофите и тргнуваат нагоре; по нив и тие. По неколку чекори им пријдуваат: ги пуштаат раце- те кон кофите: „Тешко е ова за вас“, велат и фаќаат на кофите. Калуѓерките не велат ништо: ги отуштаат кофите и одата по нив. По малку Гаврил и Аргил со свиркање поми нуваат низ дворот, вратат и тропкаат низ патеката надолу; во рацете др- жат префрлени чораби и кошули. Слегуваат на изворот и ги фрлаат во него; ги запрегнуваат ракавите и зафаќаат да тријат на кошулите и чорабите; калуѓерките со чкртање на кофите се доближуваат до изворот; стојат настрана и гледаат, а потоа пријдуваат и започнуваат на кошулите да тријат: „Не, е тоа за вас“, им велат на Гаврила и Аргила и молчеш- кум продолжуваат да тријат. Гаврил и Аргил се тргнуваат настрана насмев нати под мустаќ. Низ дворот како црни високи елки меко врват калуѓерки- те; на рацете им висат котлиња. „По вода ли одите ?“ скокнуваат од под липата Гаврил и Аргил. Молчат. Мантиите како мека свила пафтаат и шушкаат. Го минуваат дворот, вратата и про должуваат право кон шталите; Гаврил и Аргил по нив. Калуѓерките доаѓаат до вратата, отклу- чуваат, се свртуваат и пак заклучуваат. „Да дојдеме и ние?“ „Не“. Гаврил и Аргил свртуваат кон прозорчето што фрла свет- лина во шталата: очите тешко се привикнуваат. Калуѓерките клечат крај кравите и стегаат на вимињата: во котлињата шушат шурки млеко. Гаврил и Аргил насмевнато ѕиркаат: калу ѓерките ги вртат грбовите и ги засолнуваат вимињата од кравите. Гаврил и Аргил ги чистат коњите врзани за липата во дво- рот. Пред нив две птици се бркаат и чрчорат низ гранките од липата. Сонцето е млако и лиже по кожата со гадгулави до- пири. Коњите дремкаат ко преуморено дете, додека Гаврил и Аргил со четка ги тријат по кожата, им ги мазнат влакната со волнена крпа по вратот, мевот, колковите, ципите. На прозоре- цот од собата калуѓерките ги допреле главите, се фатиле една за друга и кришум ѕиркаат. Вртејќи наоколу очите од Гаврил и Аргила одлетуваат нагоре, и одеднаш, ненадејно, го фаќаат ли- цето и погледот на калу ѓерките. Тие како штрекнати, збунети и уплашени, како фатени во престап, се снемуват за миг. Гаврил и Аргил сè уште стојат со четките в рака и гледаат нагоре, гле- даат во стаклото што одблеснува на сонцето, но калуѓерките ги нема. На чардакот излегува Сестра Меланија, се потпира со ра- цете на оградата и гледа кон коњите, го мерка, го мерка, секој нивни дел. А кога Гаврил и Аргил £ го фаќаат погледот, таа фр- кнува луто со носот и одлетува по чардакот некаде. Од рани зори како две црни стогчиња сено споро мрдаат и се преместуваат низ манастирскиот врт калуѓерките. Позе- маат од кошниците чешниња лук, се превиткуваат и качат во земјата. Заде нив по браздите оди и сонцето; со него и Гаврил и Аргил. Вадат и тие од кошниците чешниња и качат во земјата; земјата мириса на угар, на темјановина и топлина. Се доближу- ваат до калуѓерките, се допирнуваат. „Како се викате?“ Калуѓерките ги тргаат рацете; на едната ѝ паѓа огледалце од пазува. Аргил го крева и ѝ го подава; таа се впипрува. Во огледалцето им се фаќаат лицата на двајцата. „Како светица си“, ѝ вели Аргил. „Ти како светец!“ го пика таа огледалцето в пазува; се на- вала провиснувајќи ги и потпуштајќи им поголем простор на црните птици покриени со мантијата под гушата. Земјата опијанува, навирајќи ти по полека лесна и нусетна вртоглавица. 4 Дождот пополека стивнува; се цеди низ ветките како низ смрзнати прсти; мириса на трат, на гнили печурки; птиците излетуваат од камбанаријата и вртат не знаејќи на каде. Четата се постројува: молк грозен, непријатен. По скалите манастирски слегува судот: Командирот Гашо, Скуле, Стамен. Го изви куваат Размета надвор. Тој пријдува пополека; гол е по кошула, се тресе. „Се смири ли сега? Ајде раскажи како беше“, му вели ко- мандирот Гашо. Ги стега вилиците Разме; молчи. „По ѓаволите, пак ли ќе молчиш... Знаеш ли што те чека?! Се убива ли свој другар со кого лебот го делиш... Што значи тоа! Ве испраќаме на задача, а вие еден на друг... „Морав, другар командире“. „Хм, по ѓаволите! Зошто си морал? Кажи...“ Разме ја навали главата; непријатно му е. Командирот не го пушта од очи. Чека. „Надолу слеговме добро. Го миниравме мостот. Но враќањето беше тешко. Кога летна мостот, залетаа и пукоти по нас; фиукаа во дрво, во камен. Трифиле офна и се превитка зад нас. Да се вратиме, реков, ранет е... „Ѓавол да го земе! уште тоа ни треба“, свика Алул и лапна лакомо од воздухот, „не ни гине стапицата...“ Ќе им падне в рака, реков, не може да оди. „Пе- смајката!“ свика и тргна по мене. Се вративме и го вклештивме под мишките; но рамењата ни беа куси: нозете од Трифилета се влечкаа по земјата и гребаа низ гнилежот и калта. Чувству- вав: на Алула му навира без што влече мрша со земја испол- нета. Слабините на Трифилета на заклано замирисаа. Еден по- долг пукот ни профрчи над главите, запре на камењарот што продолжи да фиука; добро е да си барем зад него, помислив; ја гушкавме земјата. Алул се исправи без мишката од Трифи- ле и свика кон мене: „Тргај, ќе нè зобнат!“ А Трифиле? прашав. Не се сврте, ниту одговори. „Другари убијтеме... Знам дека сум непотребен... Гледам, гледам, другари, ме оставате сам...“ не до- рече Трифиле; лицето го забуца во гнилежот пред себе. Јас не мрдам, реков, зарем е другарски... Пукотот пак запиште во ка- мењарот. Алул панично се сврте со автоматот кон мене: „Тргај,инаку полн ми е: решете ќе станеш!“ Зарем ќе го оставиме? ре-ков. „Ќе се вратиме, нека се стиша... „Трифиле, нема да те оста- виме, држи се уште малку, викнав. До камењарот земјата беше каша: риневме со рацете, со вилиците: тој па јас, јас па тој. Но стрмнината нè туркаше на- зад: бараше да лазиме по неа. Кога стиша пукотот, се исправив- ме заедно со маглата што запаса крај нас. Зад камењарот душа- та ни збивташе и грабеше воздух. По некое време се стиша; маглата со долги ризи ги изврза врвовите над нас. Пред нас се отвори стрмнината што ја ринев- ме и запре долу пред глоговите. „Другари, Разме...“ ми забучи во ушиве. Морничав трпнеж ме исполни. Се исправив. Жив е Трифиле, нè вика, реков. „Легни, свика Алул, ништо не се слу- ша. Така ти се присторило“. Јас слушам, нè вика, реков. „Рано е, не се повлечени. Ќе нè вклештат“. Зар жив да го фатат... свикав и тргнав надолу. „Не!“ свика тој и штракна со автомат зад ме- не. Крвта ми зовре: јасно ми стана, јасно ми стана зошто не ме остава, ха... „Зошто?“ се подоближи командирот Гашо поблизу. „Ќе кажам и за тоа, ѓавол да го земе! Ќе кажам сè... Вечер- та, како што беше планот, стасавме над Сушево. Но кај изво- рот нè намириса четата на Тефик Лога; избегнавме судир и се префрливме во друг правец, место во Сушево, во Задгорје. Се поврзавме со Месниот одбор, и тие нè сместија во една куќа. Овде ќе ви биде добро, рече човекот што нè водеше. Сама е же- ната, а има нешто и за лапало. Само да се стоплиме и да под- ремиме, реков, не ни треба ништо. Алул ме погледна со про- турени веѓи. Огништето го заградивме со коленици. Воздухот на мувла и крпи замириса. Жената се меткаше зад нас и потро- пнуваше со чинии по софрата. Сестро, само да се потстоплиме, не барај ништо, реков. Алул пак веѓите ги протури кон мене. Се нафрли како стрвина на софрата; потргнуваше кршенки кон себе; собираше и од пред нас. На трифилета му препукна: „Ла- комијо, на, најади се!“ му ги брецна парчињата. Алул се намршти, но не пламна. Само ѝ се насмевна на жената од спротива. Таа со очите прошета по нас. По малку лажиците престанаа да тропаат. „Толку е лебот, да знаев, повеќе ќе испечев...“ Алул ги крена очите кон долапот, а потоа и кон неа; прошлака со зала- кот во устата и најпосле се тргна. Жената ја поднавали ламбата и рече на вратата: „Рано станувам. Не грижете се...“ Од чарда- кот низ вратата зафуче студено ветриште. Го затна и влезе во соседната соба. Ноќта Трифиле ме дрпна со раката; приско кнав. Гледам: Алул се измолкнал од постелата и шушка низ собата. Алка на- кај долапот и вратата; хм, мајчето, ни навире бес. Дијанија! И господа би го изел. Страмота е дијанијо, зар малку ти беше ле- бот! Алул се штрекна. Се разметка низ собата и пак се пикна во постела. „Гледајте си ја работата!“ шепна и го фрли велен- цето преку глава; замолчавме сите, но ми се чини на сонот му ја удривме веќе клоцата. Така и беше. Не потера многу, а Алул пак се засени низ собата. Ѓавол нека го земе. Нека се насити ед- наш! Трифиле придушено дишеше. Гледав: Во градите му нави- ра бес: се собира и напиња. Вратата потшкрипна: Алул напрстечки се изгуби низ неа; потаму потшкрипна и другата. „Е, луд е, богородице мајко! Идиот!“ Фркна Трифиле. Ѕидот до кој се допираме со главите е од обична трска из- лепена со земја и вар. Цепови нема, но низ тенкоста се пробива и крцкање и шепот и шум. Тоа уште синоќа го дознавме... Доз- навме штом жената отиде зад него да спие. А најмногу се воз- буди, тој, Алул. Го залепи ушето до ѕидот и возбудено пласкаше со јазикот: „Мајка ѝ божја, што снажиште имаше. Срна! Еве, се слекува. • шуштат алиштата. А сама... „Мафни се! Што те боли главата! Нејзина работа...“ рече Трифиле. „Ти занеми, му свика, в црква попувај, не мене...“ Пак ушите ги допиравме до ѕидот како сношти; градите го згрутчуваат здивот и го цедат низ носници: забите и устата се стиснати. Слушаме: штиците крцкаат од тркалање по постелата; придушен шепот испрекинато надојдува: „Зошто си таква, зарем...“ Трифиле раздивено се отфрли од постелата: осило го боцна од бесот што му навираше. „Ха, господ негов!“ свика и летна низ собата. Летнав и јас. Жената наорлено нè загледа: „Срамота! рече, и маж ми е партизан...“ Ги ничкосавме очите в земи. Со молчење се спуштивме по скалите и заминавме. По патот Алул стегаше на забите: „Готова беше... Слепци! Кој ѓавол го баравте кај мене... А ти, се сврте кон Трифилета, ќе ми паднеш в рака за ова, мамето...“ И ете му падна в рака; го сфатив тоа, го сфатив сега кога свика: не! Со очите пеплосани се свртев, со бучеш во крвта, во главата. Автоматот ме затресе. Незнам до кога пукав: Алул се тркалаше по камењата, стркајќи ги со крв. Низ стрмнината не- зман како слегов. Се довлечкав низ глоговите до Трифилета и му шепнав: Трифиле, јас сум; се вратив... Но веќе беше доцна. Се отепал за да не им падне на пците в рака...“ Рамзе ја навали главата, замолча. „Хм, бога му, прошепоти командирот Гашо, значи тоа е...“ „Да...“ Командирот Гашо погледнува во Скуле и Стамен. Тие гле- даат в земи, молчат. „Земи го палтото, нагрни се“, му вели на Размета, пофаќајќи го за рамења. И наредува на четата да се растури. 5 По чардакот собуени боси, меко, напрстечки газат Гаврил и Аргил; штиците крцкаат како некое штурче што одвреме-на- време ќе чврчне и пак спокојно продолжува да дреме. Месе- чината одмора во гранките од липата, прави шарки по чарда- кот и одблеснува на нерамнините на стаклото од про зорците. Вратницата што го дели чардакот е затворена; при отворање писка лошо, но Гаврил и Аргил убаво ја приклештиле ко крескава птица за гуша и кроце, пополека, ја попуштаат колку за главата и искосеното тело. Со чевлите што ги држат в рака, ја потпираат да стои отворена. Со ползење на колена го минува- ат прозорецот од одајата на Сестра Меланија и се исправуваат пред прозорецот од одајата на калуѓерките; тих кикот им допи- ра до ушите: хихихи, хихихи... Кикотот секнува: отско кнуваат од постелата и се допираат до прозорецот и гледаат. Главите од Аргил и Гаврил се тргнати. Се враќаат повторно во постелата свртени со очите кон прозорецот и напрегнати дури од пети- ци. Се измолкнуваат повторно од постелата и се допираат до прозорецот: го лепат челото, носот, очите, целото лице и ѕир- каат; Гаврил и Аргил ги пренесуваат главите од ѕидот на прозо- рецот и го лепат лицето врз нивните лица; калуѓерките вџаше- ни се тргнуваат со стисната рака на устата. Гаврил и Аргил се вѕиркаат и мрдаат со рацете; мрдаат и тие. Гаврил и Аргил мр- даат, нишаат со главите; нишаат и тие; Гаврил и Аргил ги кре- ваат рацете кон прозорецот и туркаат; туркаат и тие од внатре; поткрцнува бравата, но не попушта; шшшш! и едните и други- те го редат прстот на уста; Гаврил и Аргил се пре фрлуват по- полека на вратата: рачката се крева и се спушта, но не се отво- ра; туркаат со рацете; туркаат и калуѓерките од внатре; доаѓа- ат повторно до прозорецот, доаѓаат и калуѓерките: се гледаат очи в очи; молчат едните, молчат другите; Гаврил и Аргил от- стапуваат од прозорецот и се тргнуваат кон оградата од чарда- кот, и калуѓерките пополека се враќаат во постелата; свежиот воздух им се пика под кошилите на Аргил и Гаврил и им лази ско коткајќи ги како допир од студени прсти; ни надвор шум, ни внатре шум; се враќаат повторно до прозорецот и турка- ат; скокнуваат калуѓерките од постела - туркаат и тие; Гаврил и Аргил покажуваат со прстот на вратата за да им отворат; а калуѓерките ги нишаат прстите: не, не! Стојат и се гледаат едни спроти други низ стаклото; во штиците засвируваат штурци: грешејќи, одново почнуваат. Гласот од повторното отворање на вратничето од чардакот ги замолкнува. На коњите им треба простор како на сè што подолго време било присилено да стои на едно место; им треба растрчување, им треба да потфатат со очите зеленило, да цепнат со нозете во трева, во вода, во кал, да ја сврлат од на себе уздата, седлото, да размавтаат со главата и опашката, да преско кнуваат трапчиња и браздички и да штипкаат со муцките по кревките зазеленети џбунчиња. Ги вртат Гаврил и Аргил коњите околу липата, ги шета- ат низ дворот. Но коњите фрчат со муцките, ги кошнуваат со главите и грбовите и бараат поголем простор, подолг, чекор; ја преминуваат Гаврил и Аргил вратата, го стискаат ремникот од уздите; ги слегнуваат на изворот да се напијат вода, ги враќаат под тремот кај шталите, ги врзуваат за дрво и им нафрлуваат под главите сено. Влегуваат во шталата каде што калуѓерките качени на купиштата сено, ги полнат кошовите и ги турваат во јаслите под главите на добитокот; се нафрлуваат и тие на сеното, на калуѓерките втонати до половината во сенотото, се разметкуваат низ него, пропаѓаат, пуштаат раце, и никој никого низ сеното не го гледа и не го познава; отфрлуваат од пред себе сено, скокаат, паѓаат оттурнати од калуѓерките и одново со нови сили, изнуркуваат од сеното и се нафрлуваат. Напинајќи со главите коњите ги кинат оглавите, зафаќаат бесно да растрчуваат и да обигруваат низ просторот пред шта- лите како да ја корнат земјата. „Коњите ви избегаа, коњите!“ викаат калу ѓерките, маф- тајќи со рацете и плукајќи слама. Змамафтаа и Гаврил и Аргил со рацете по лицето, по очите, среснувајќи ја сламата, и паѓајќи на коленици низ сламата, истрчуваат надвор. Дивото и бесно- то растрчување на коњите не стивнува: го уриваат плотот од градината, труцкаат низ насадот, под нозете им распрснува- ат грутки како разбегани чавки, скокаат преку браздичките, џбунките, ги клоцнуваат со копитата празните чабури и каци, го прескокнуваат другиот плот и излегуваат во другиот поширок и зазеленет простор зад шталите. По истите траги Гаврил и Аргил трчаат; викаат, им се зака нуваат, но тие ниту слушаат, ниту запираат: имаат сè што сакаат, слобода, простор. Глогови- те покрај брегот им ги драскаат нозете им пуштаат крв, но тие во својата слобода и занес ништо не чувствуваат. Не издржуваат нозете од Гаврил и Аргил, се сопнуваат, седнуваат и не стануваат повеќе. „Ах, мамето!“ Фрла врели клобурци низ устата Гаврил. „В џенем нека фатат, нека се истрчаат“, сринува по лицето Аргил, одлепувајќи ги сламките што му останале по лицето. „Ќе се скротат...“ Се отпушта на земјата допирајќи го образот до нејзиниот влажен здив: тресе земјата од јурежот на коњи- те и звукот му го пренесува во ушите и целото тело. Тропотот пополека стивнува и најпосле коњите, свртувајќи се еден кон друг со главите, застануваат. на викот од Гаврил и Аргил попо- лека кроце, облеани со пот и изпенавени во устите, пријдуваат: Гаврил и Аргил ги пофаќаат за муцките, за гривите, а тие, како спитомени срнички, како јагниња им се предаваат. Ги враќаат и ги бараат скинатите оглави и повторно ги врзуваат. Стрчнува- ат повторно во плевната, но внатре никого нема, празна е. Калуѓерките пак клечат пред иконата на Богородица; ус- ните им мрдаат: шепотат нешто. Зад нив игуменот седнат на столот, ја потпире вилицата на бастумот пред себе; брадата као пласт сено го сокрива свитканиот дел од бастумот: дреме или е вслушнат во едвај чујната молитва на калуѓерките. Крај него Сестра Меланија гледа во грбовите, во долгите црни мантии на калуѓерките од кои сè уште не испаднало по некое ситно слам- че; свеќите пред иконата и во шанданите во олтарот потреп- нуваат, го оттурнуваат мракот во ќошињата зад ико ностасот, очите на светците час погледнуваат, час се затемнуваат, а бе- лиот чад на темјанот лази по студените ѕидови барајќи простор да излезе. На калуѓерките им трпнат превитканите колена. Сестра Меланија ги повикува: „Господе прости им ги гревовите“. „Амин“. Една од одаите на чардакот зачадена е од цигари. Смрдат истриените реси од питоми костени иззавиткани во хартиич- ки од весници и летоци, и густи облаци од дим се сучат нагоре кога лакомите усти ќе повлечат на нив. Тенкото восочно стеб- ленце на свеќата се витка, вртејќи му ја главата на пламенчето надолу. Командирот Гашо трие со рацете на сувите костенови ре- си, лиже на хартичето што недава да се витка и лепи, сврту- вајќи ги очите кон Гаврила и Аргила почнува: „Така вие, пак, значи... Не ви седи газот мирно... Пак жалби и тужби од сестра Меланија на вас... Мали не сте да не можете да се заумите... По ѓаволите, со тие дечински работи, трчање по калуѓерки! Што војска сме ние, башибозлок или... Поврага ќе фатите, на суд ќе одите ако уште еднаш чујам за такви работи... Разбравте ли?“ „Разбравме“. Сестра Меланија веќе неколку дена клечи до постелата од игуменот: душицата тешко му излегува. Што сè не бара, што сè не му паѓа на памет; по сето тело, по сета снага нареден е со икони: ги пофаѓа со раката, ги стиска кон себе и постојано раз- говара со нив. Му го отвора Сестра Меланија прозорецот, а тој ги крева очите кон него и низ блескавата светлина го следи патот на ан- гелите што му доаѓаат и го носат некаде. „Сестро Меланијо...“ „Кажи, оче...“ „Каде сме сега?“ „Овде оче, овде , в соба“. „Влезе ли и ти во ковчегот, Сестро...?“ „Кој ковчег, оче?“ „Во овој од Ное...“ „Нема таков ковчег, оче...“ „Има, сестро. Еве, нè чека; ајде влези...“ „Не, оче, не...“ „Мораш, Сестро, мораш. Зар сам да се спасам... Зар без те- бе да одам... Ниеден свет не може без жена, Сестро: ни овој, ни тој...“ „Молчи, оче, не зборувај...“ Му хрка душицата, му клобурка. Шета со рацете по покривката. „Спушаш ли, Сестро?“ „Слушам...“ „Не може, ти реков...“ „Молчи, оче, не греши се. Покајание ти треба...“ 6 Командирот Гашо е потпрен на стеблакот од липата во дворот. Кревките разлистени пупки на липата се топлат на сон- цето испуштајќи мирис на пресно млеко и блага смола; над не- го крошната ја дупчат диви оси, брмчејќи ту потивко, ту полу- то; тоа го лути и го тера да ја поткрева главата нагоре: би пукал да ги растера; го вади писмото што го доби од татка си Корун и го чита: Со радост, синко, ве чекаме што побргу да ни слезите, да ни дојдете в село... Чувме за бандата од Тефик Лога дека сте ја истерале и дека сте слегле во манастирот; ќе излетаме сите од радост, сето село... Да ни го поживи господ командирот Гашо, велат луѓето, и слобода ќе ни донесе и водата ќе ни ја врати...“ Сонцето се врти кон коренот на липата и ја тера сенката од другата страна; на вратата од дворот штракнува резата и низ подзината врата влегува Сандре, а по него жена. Команди- рот Гашо се одлепува од стеблакот. „Го бара Размета“, вели Сандре и се трга на страна. Командирот Гашо гледа кон жената: јадри гради палаво наддадени; лице горешто. „Вие ли сте жена му на Размета?“ „Да“. „Што ви треба?“ „Дојдов по детето; ве молам да ми го вратите“. „Дете? Кое дете?“ „Да, ми го зеде; нема да ти го оставам“, се расилил мажот. „Почекајте“, рече и го тргна Сандрета настрана: „Од каде дете овде?“ „Разме го донесе“. „Кога?“ „Некни“. „Зошто?“ „Врагот ќе го знае! Ѓаволите им се влезени. Уште кога сле- говме овде во манастиров, узнав дека со нив нешто не е во ред. Сражарев како и денес пред вратата, а одоздола накачуваше жена му. Се доближи и ми рече насмевнато: „Викни го Разме- та...“ Стрчав и му свикав: Слегувај, бре, песиште, ти дојде анам- чето... А тој не се ни заврте; лежеше на рогузот и молчеше - труп; ме слушаш: Жена ти е долу. „Не сум тука, ме разбираш!“ ми стрешти налутено; „кажи £ не сум со вас, отепан ли што сакаш“, се исправи но не достана; ме удри со очите. Зошто? го прашав. „Не прашаувај, не е твоја работа“, рече и сврте очите во ѕидот. Се дозбунив; излегов со киселинче под грлото; „Тука ли е?“ ме пречека жената насмевнато; молчев но не многу; тука е реков и заакав пред неа; а знам, само малку по тоа си ги јадев усните; си го зобев џигерот и бегав да не слушам: собата татне- ше од викање. „А потоа?“, праша командирот Гашо. „Не знам. Таа излезе со очи надуени; го криеше лицето. А јас се јадев: што ми требаше... Се јадев и не се лутев на пцов- ките од Размета. А молчев и некни кога го донесе детето и кога ми рече: пази го, те молам чувај го; „Што ти текна, што ѓаволи те навјасале да го донесеш детево овде?“ му реков. „Моја рабо- та“, рече. „Хм, викни го...“, рече командирот Гашо. Слегува Разме по скалата од чардакот; лицето му е со сламки и прав; ја полнел сламарницата во собата. Командитор Гашо му кимнува со главата: „Жена ти е тука; сака да те види“. Разме молчи. „Сте се скарале?“ „Нека оди поврага!“ „Зошто?“ го тргна настрана, зад скалите кај што се засолнува видикот од дворот. Разме молчи. „Зошто?“ „Вртка... Вртка, врагот да ја земе... „Од кај знаеш...?“ „Знам. Ми кажаа... Знаев дека ќе е таква уште кога ја за- познав... Кога ми се соши... А за тоа и вие малку сте криви...“ „Јас?“ ги крена веѓите командирот. „Ако не ме оставевте во таа куќа, до ова немаше да дојде...“ „Па морав, ранет беше...“ „Знам, но откако оздравев никој не дојде по мене... Чекав, ¡ денеска, ¡ утре. А таа постојано ми доаѓаше во плевната каде што бев сместен. Седнуваше на сламата крај мене и ѓаволесто ќе почнеше: „Ти студи ли?“ „Не“. „Не верувам; види јас...“ ми ја допираше раката на образот нејзин: стежнуваше. Се припиваше до мене за да ме стопли. Татко ѝ Велјан почесто ја подвикнуваше од дворот да слезе долу. Еднаш да не го види таа, се искачи тој горе во плевната и рече: „Не успеав, момче, да те прашам: од каде си?“ „Од Преслап“. „А од кај попот Трифиле?“ се насмевна. „А одликуван ли си некогаш?“ „Не. Зошто?“ „Хм, така. Војна, е нема одликувања“, рече. „Има, но не сум ги заслужил уште“, реков. „Разбирам, може и тоа да се случи“, рече и отворајќи една кутија извади медалји. Ја поткрена едната и ја сврте кон мене: „Знаеш чии се овие? Мои. Полн сум од одликувања. За сè што сум работел во животот имам одликувања; гледај, по ред ќе ти ги кажувам: ова е за мојата уметничка работа; никој од мене не пра- веше поубави слики. На половина Белград, му ги ишарав ѕидови- те на куќите со слики; имам и на ѕидовите од куќата моја цртано; кога ќе слезеш долу, ќе видиш. А со ова сум одликуван за најдо- бар сокол; никој пред мене не можеше да излезе, немаше подобар сокол во Друштвото од мене. А овие ги добив во војска; најдобар војник и стрелец, бев. Сакав да останам засекогаш во војска, ак- тивен; капетан ќе ме направеа; но ѓаволов, жената, ме запусти, ми ја тури иднината; ми пиша еден ден: ако не дојдеш, јас ќе се пре- мажам. Ќе ти го оставам девојчето: прави му што знаеш. И дој- дов, ја напуштив војската; ми беше жал за ќерака ми. А за неа, за жена ми - не, зашто јас всушност цел живот од неа бегав, фаќав по Белград, по други градови, само да не сум со неа; да не слушам и да не гледам. И поради тоа, сакав во војска да се активирам, да останам засекогаш... Ќе се вратев пак назад во војска, ќе ја пре- жалев и ќерка ми, но при едно мое доаѓање, при едно отсуство, паднав од на дрво, долу во бавчата и си ја скршив ногата. И од тој миг за ништо веќе не бев: ни за војска ни за дома...“ Вратничето списка и со светлината ја фрли внатре и сен- ката на девојката. „Те вика мајка“, му рече и му помогна да се симне по ска- лите долу. Го затна вратничето со грбот и рече: „Не слушај го татко ми; си зборува... Особено откако падна... Сигурно ти рас- праваше за неговите медалји. Но остави го; често се кара со мајка ми: не му верува дека се негови; му вели дека ги присоб- рал од некаде... Ако вредат, му вели, некој ќе ти ги купеше, гле- даш дека леб немаме...“ Седна и ми ја навали главата на градите „Овде е студено, рече, ќе ѝ речам на мајка ми да слезеш долу во куќата. Не е страшно, се повлекоа црнокошулците“. „Добро е тоа, но моите уште ги нема...“ „Зошто брзаш; подобро е за тебе, рече, ногата сосема ќе ти оздрави...“ „Знам, но морам што побргу“, реков. Не видов, но узнав: лицето ѝ се собра: „Значи овде ти е здодевно. Сакаш...“ не продолжи и јас исто. По некое време рече: „Ти пречам ли?“ „Не“, реков, чувствувајќи ѝ го приближувањето. Сламата мирисаше на темјан, на благо вино. „Подај ми ја раката“, рече. Го извади сламеното тркалце што го имаше изнавиткано на нејзиниот прст и го навре на мојов: „Ти се допаѓа ли прстенов?“, рече: „Да“, се насмевнав. „Е, рече, отсега само ти ќе си мој; никој друг на светот... Носи го...“ Се скочанив, се здрвив ѓавол да ме земе; не знаев што да заправам. Погледав во прстенот и реков „Не трае долго, од сла- ма е...“ „Сè едно“, рече. Еден ден татко ѝ рече: „Гледам, многу близок стануваш со ќерка ми. Поразмисли маку... Тебе сега на друга страна ти е умот и патот... Таа уште лета...“ Другите денови доаѓаше сосема слободно: ја отвораше вратничката и седнуваше крај мене; ми ја земаше раката во дланката нејзина, ми ја жулкаше, а потоа ми го залепуваше об- разот нејзин до образот мој; дишеше и топлиот здив го чувс- твував и на мене кој како да ме опијануваше, како да ме збрлу- ваше. Стариот во тие мигови пак подвикнуваше од дворот. „Ух, господе, што е здодевен“, се исправаше таа, ја подна- местуваше косата и облеката и излегуваше на вратничката. Еден ден ме завлечка низ дворот, низ бавчата. Снегот окопнуваше: како големи бели цветови стоеше расфрлен на- околу; дрвјата започнуваа да пупат; брмчежот на пчелите носеше мирис на јаглика, на дрен; дишевме шумно; во очите ни шеташе младо портокалесто сонце. „Забележуваш ли нешто?“ рече и врцна со снагата; изгледаше како овошка во цутење; гласот ѝ ѕунеше како ситен пе- сок; градите ѝ беа ѓаволесто наддадени; шарено коланче ја подлапнуваше половината, испакнувајќи ѝ ги колковите. „Не“, поголтнав. „А ова?“ покажа со раката на косата: убаво ли е вака?“ Косата ѝ беше собрана одзади и лицето ѝ го правеше поотворено и поздрело. „Да, убаво е...“ Шетајќи низ бавчата рече: „Гледам, нешто те мачи; веројатно сакаш да заминеш...“ „Морам“, реков. Ги навали клепките и загледа пред себе; постоја така, а по- тоа пак шепна: „Би можел да не одиш, а да загинеше...“ „Тоа е друго, реков, но можеби нешто им се случило, или се заминати некаде на друг терен“. „Тогаш подобро е за тебе, би можел...“ „Никако, не зборувај така“, реков. „Значи, не ме сакаш, не ти се допаѓам“, гмечеше низ прстите гранче. „Не сфаќаш, нека сврши војната... А покрај тоа...“ „Што?“ ме загледа. „Свршен сум“, подголтнав; видов: грч и бледило ѝ мина по лицето; нешто ѝ се скина во неа; избега со молчење. Утредента по долго акање, ве најдов. Сандре ме праше: „Што стана?“ „Што да стане?“, му реков: „Еве сум. А вие каде бевте; рековте дека ќе дојдете...“ „Дојдовме, рече Сандре, нè прати командирот и разбравме...“ „Што разбравте?“ прашав. „Сè...“ „Што сè?“ „Се оманучи ли?“ „Не“. „Идиот! Што муви те навјасале! рече Сандре. Разбрав- ме дека те засакала, па и командирот одобри да поседиш уште малку, да се опоравиш подобро...“ Би како би, можеби сè во ѓавол ќе фатеше, ќе свршеше со тоа , ако тој ден кога дојде мајка ѝ, не ме викневте. Гласот неј- зин и плачењето на нерви ми одеше. Но вие рековте: „Ајде, оди, сврши што треба, не крши ѝ го срцето на мајка ѝ, нека не плаче; штом толку те сакала девојката, нека е со среќа, направете ја свадбата...“ ме потчука по рамења. „Да си жив и здрав, бре командире, бре Гашо личен“, те потчукнуваше таа, нечистиот да ја земе! „Господ добро да ти даде, ти велеше таа, ми паднаа нозете додека ве најдов во овие планини. Од ум ќе ми излезе ќерка ми: него или никого! А и работата, да ми простиш, веќе си ја сториле во плевната“. В земја ќе пропаднев в тој миг. Што беше тоа, свадба, или сон, не знам. Се изнатреска Сандре, се изнатреска Скуле, се изнатрескав јас, и ја спраштив- ме нагоре кога свика: нè откриле в село. Да плачам ми идеше. А Сандре и Скуле цело време по патот го кинеа грлото, пееја,пееја и викаа по мене: пеј и ти, што ѓавола беше ова, каква свадба, мајката, не ни се даде можност да ја курдисаме како треба, како на погреб да се најдовме, мајката... Си го подаваа шишето еден на друг, молитвејќи го Александар Македонски што ги пренел сливите, ракијата од Азија... Подоцна сè тоа во умот ми се вртеше: се оженив ли навистина или не? Вистина ли беше сето или сон. Ми достаса прво писмо. Прочитав: син сум имал. И уште: како срце ме трпело, како да не појдам досега, ми пишуваа, зар само за мене било војна, зар само јас не сум можел да препојдам... Се витосав ед- на ноќ, кришум од вас, по темница влегов, по темница излегов. А таа стегајќи ме, кршејќи ми ја снагата велеше: „Што станува со тебе, јадеш ли горе или не: мрша си станал, само коски“. Пој- дов и кога подпорасте детето да го видам...“ „И што има сега во сето тоа?“ рече командирот Гашо слу- шајќи го трпеливо. „Има... Некни ми пишаа некои од селаните: Момче подстегни ѝ го оглавот на твојана... Скротија малку... Вртка, вртка, со опашката... И таа како мајка ѝ... По крв...“ „Тури му пепел на тоа... Не слушај такви работи... На луѓето тоа им е работа: да ломотат... Ајде слези долу кај жена ти... Ве пуштам оваа вечер: ајде протерајте дома...“ Тивко со молчење излегоа низ манастирската врата врза- ни со рацете од детето... Осарникот сè уште пиштеше во главата од липата. 7 Млакото утринско сонце се разлева по липата, по покри- вот манастирски, по дворот. Тивко ветерче ги ниша ветките на дрвјата околу манастирот што грепкаат како разгалено живин- че по ѕидовите и прозорците. Небото сино и до бескрај отворе- но: две облачиња како белки од очи. Мирис на боз и млечарки. Четата уште од зори се приготви за замину вање. Некои веќе чекаат во дворот, а некои сè уште ја собираат сламата по одаите и ја фрлаат на куп зад оградата манастирска. Команди- рот Гашо вика да се трга побргу. На самарите од коњите цврсто се стискаат калуѓерки- те. Гаврил и Аргил чекаат пред коњите, држејќи ги цврсто за оглавите. Командирот Гашо застанува и гледа зачудено во ка лу- ѓерките. „Доброволки, другар командире“, потшепну ваат Гаврил и Аргил; „верувајте без никаков притисок... Сами сакаа... И ние ќе дојдеме со вас, рекоа, доброволно...“ На командирот Гашо како да му е фатена устата. Само нишка со главата насмевнато: хм... На прозорецот од одајата како фреска врамено е лицето на Сестра Меланија: фрла оган, фрла живи искри од очите и со грди зборови трескоти и по вера и по калуѓерки и по сè... Но никој веќе не ја слуша: ни гробната тишина што го зафаќа дво- рот, ни игуменот зад неа што пустата душичка со триста маки не му излегува. Слегувајќи надолу низ озелените падини прошарани со раноникно цвеќе, Скуле шепоти кон Стамена: „Гледај, плачат тревите... „Ќе помине, при секое породување е така“ вели Стамен цапајќи низ оросените треви. Манастирот исплеткан низ дрвјата, останува како монах осамен и пуст во својата ќелија. V 1 Четата на командирот Гашо се смести во училиштето. На него се китат пароли, знамиња, слики. По сокаци, средсе- ло, пред училиштето се вика, се пее. Од ум ќе излета сето село, клокоти врие... „Кај се тие што велеа: никој ништо не му може на Хитлер, на Мусолини... Дајте ги ваму!“ викаа луѓето: „Дајте ги ваму тие курви, кај се тие лижепетици, во која мајчина ќе одат!“ На Канаѓин Светски душицата низ тртник му излезе: га- зи, гази: Еве ти ја бандата на Тефик Лога! Танаил Толмачот како сколовранец, како лошо пиле тресна од орешка долу; бам! со пушката одоздола и тој гаспрекуглава фати низ трапот надо- лу; „Еве ти сега пак биди му толмач на непријателот! Лапај сега земја!“ Се тркалаше низ трапот целиот облеан со крв, а него- вото песиште што лошо беше исто како него, трчаше низ тра- пот каде што тој се тркалаше, лаејќи и душкајќи по крвта. И од пандурот на кметот ништо не остана... „Да живее револуција- та! Да живее војската наша! Да живеат сиромасите, долу кула- ците!“ зовира селото како казан, како вода на оган, крка, се пе- ни и се прелива. Училишните простории кај што беше сместен кметот и власта негова, се празнат. Се вадат купишта хартии во дворот: тефтери, спискови, деловни книги, папки, сандаци со архива и се палат: „На! на, повеќе порез!“ се фаќаат луѓето под папокот: „Умреа порезите! Да живее новата држава, новата власт, не ќе има повеќе порези! Да живее командирот Гашо... Мамето на Каменчани... На! што ќе видат повеќе вода! На! Сесобираат луѓето пред дуќанот на Корун; маваат со клоци на врата и викаат: „Отворај Коруне, сол дај ваму, брашно, шеќер...“ Тој ја подава главата низ прозорецот од одајата над дуќанот и вика: „Бегајте браќа, што ѓавола тропате, нема ништо, празен е...“ „Кога се изпразни, Коруне, до некни полн беше...?“ Вистина до некни полн беше и преполн; сè имаша: мири- сот на газјата се мешаше со морисот на сапун, на смокви, на масло, на гумени опинци, на ќуќур, на тутун, на катран, на пи- пер и штипкаше за нос, за грло; разни платна за живи и умре- ни, басми, антерии, грлинчиња, оглавници, ламби... На луѓето како спротиглава да им беше, по стотина пати влегуваа и изле- гуваа: Трпо Колот како да ја пиеше газјата; појди-дојди, чине- ше: „Имам болно дете, видело ми треба; златниот светец иде, славата ја имаме, видело ни треба; кравата е при крај, ќе нè ра- дува, видело ни треба; леунка имаме, станува ноќе, видело ни треба... Ти нам добро, Коруне, господ тебе...“ Митруш Торбичков како само од сол да живееше: крева- ше ли креваше. „Без сè се може Коруне, велеше, ама без сол не се може. Фрлај што сакаш во манџата, и ова и она, месо сакаш, пипер, лајна, ама без сол не се може: ко за на рана, ко за умрен; на детето дома мевот му се поду, по солени камења лиже, по вар, по земја...“ Јон Бузин од косење, од орање, од вршење, првин в дуќан навраќаше; од први петли, од полноќ, го напушташе селото и одеше в поле по работа, а се враќаше кога свеќата или канди- лото догоруваше во дуќанот од Корун и кога Корун со клучо- вите в рака штркаше и им даваше знак на оние што по цел ден тука капеа. И така, Јон Бузин како којзнае каде и од кога да бил отпатуван, како којзнае од кога да не бил овде во селово, уште недостапнат како што треба во дуќанот, уште од прагот пра- шуваше: „Што има ново?“ А ново, сè по нешто имаше: Те како поп Трифиле пукал на некоја свадба, чуле караби- нерите и дошле да му го замат пиштолот; го извикале надвор: „Пиштолот ваму!“ му рекле. „Зошто молам?“ прашал тој. Тие му ’рзнале: „Забрането е да се носи оружје“. „Аха“, рекол тој и со тешко срце го извадил пиштолот. „И другиот!“ му рекле тие. Се стипсосал Трифиле, собрал веѓи, собрал уста, и полека, ко планина тешка да извлекува од под мантија, го ивадил и други- от пиштол. „Адио!“ му нишнале со кренат прст кон челото и си заминале. Трифиле лут и јадосан ги следел со очите од чарда- кот. А кога слегле тие долу под селото, тој ја забуцал повторно раката под мантијата и извлекол друг скриен пиштол и згрмил пркосно нагоре; подзапреле карабинерите, ја истриле потта од вратот и лицето, постојале малу и одмавнале со раката: „Џенем нека фати, кој ќе крши пак нозе нагоре да се враќа!“ Те како после тоа карабинерите отишле кај кметот дома му, се нацврцкале убаво, го нацврцкале и петелот што им го дал тој да си го понесат, и одејќи надолу низ селото, петелот постојано кикирикал, врескал едноподруго вцрвенат во китка- та, во очите, во главата; жените се потргнувале од патот крс- тејќи се од чудо, а над селото, во воздухот сите јастреби и орли се собирале и кружеле, ќе се спобудалеле по гласот на петелот; карабинерите со шамивче го приклештувале за вратот, му ја затинале устата да молчи, но тој свиснал, свиснал со главата, ги отфрлил очите, пеплосал; зафатиле карабинерите да плачат, да жалат, да тагуваат за петелот; застанале крај јазот и со болка и тага го фрлиле петелот во водата; му влегла водата на петелот в уста, в нос, в уши, спретал, запафтал со крилјата, со опашка- та, со нозете и излетал надвор, зафрлу вајќи ја главата како да префрлува нешто тешко преку себе; стрчнале карабинерите, го фатиле и почнале да го жулкаат по главата, да го мазнат, а тој, правејќи простор со главата меѓу нивните раце, пак се впушт- ал со клунот кон торбата кај што било шишето со ракија. Те како Јонче Шаше дента кога црнокошулците го собраа добитокот, се изнатрескал, а пред него на патот му се сплеткал кметот, а Јонче Шаше му релол: „Одбери си, кмете, одбери си дрво на кое ќе висиш...“ Фркнал кметот со носот како рис, се вратил во канцеларијата во училиштето, му рекол на пандурот да го доведе тој никаквец; го довел пандурот, го затворил во една од просториите од училишетто и му викнал со тупаници и клоци; свикал Јонче Шаше: „Оф, забот!“ Се фатил за образот и почнал да се џари и да го бара по патосот. „Каков заб бре, мамето твое!“ свикал пандурот и започнал да го бие посилно. „Златен заб, златен, заб жими бога“, рекол Јонче Шаше. „Зла- тен?“ се загледал пандурот во него, а потоа се навалил и тој да го бара по патосот. Барал, барал пандурот, а потоа му рекол: „А зини да видам, мамето твое“. Зинал Јонче Шаше: навистина заб му нема. „В ќоше, в ќоше седи ти!“, му свикал пандурот и се спружил по патосот да го бара. „Што е тоа, што се прави?“ свикал кметот, наслушкувајќи на вратата. „Ништо, ништо“, рекол пандурот изрипнал од патосот и започнал повторно да го мава Јончета Шаше. Влегол кметот: „Доста ти е а?“, го пра- шал. „Доста“, одговорил Јонче Шаше. „Е, ај сега, мамето твое, одбери си ти дрво на кое ќе висиш!“ Му свикал кметот и му покажал низ прозорецот кон бавчата со дрвја. Го вчапил пан- дурот, го одвлечкал кон бавчата, го изишетал низ дрвјата и го вратил повторно крај кметот. „Е, одбра ли?“, прашал кметот. „Одбрав“ одговорил Шаше: „дрен“, „Кое?“ прашал кметот. „Го одбрав дренот“ одговорил Јонче Шаше, „да ми порасте поздрав и цврст како дрен...“ Кметот се загледал кон пандурот: панду- рот ги собрал бузите и нишанил со раката, давајќи му ишарет на кметот: „Будала е...“ Те како Цара Бала како и другпат кога £ се враќаше си- нот Ѓеро од печалба, и денеска отрчала во дуќанот кај Коруна да бара кафе. Кај ли беше Ѓеро на работа, на печалба, во Алба- нија, во Бугарија, кознае, но ете го пак доплива. Ги довлечкал куферите под селото, и тука како и другпат исповиикал деца од селото и им дал по некоја пара да му ги носат куферите низ селото, тешки, претешки. А штом влегол дома, уште луѓето не заодени на добредојде, мајка му Цара Бала рошкајќи се низ па- зувата стрчала кај Коруна да купи малку кафе. „Зарем Ѓеро не ти донесе кафе од печалба?“ „Не“. „Ама нешто многу ти има донесено, гледавме куферите преполни му беа: одвај децата ги носеа“, £ рекле луѓето. „В џенем да фати!“ офнала Цара Бала. „По ѓавола да оди!“ „Камења ми донесе; куферите ги настегал со камења и цигли само заради селото, да подзавидуваат луѓе- то, гледајќи го кај што влечка тешко...“ А откако Јон Бузин чу дека дента кога кара бинерите слегу- вале со петелот низ селотто и се нафрлиле на жена му, која ви- кала и претела, додека пандурот пијан како нив, ја придржувал и стискал - повеќе Јон Бузин не влегуваше во дуќанот и не пра- шуваше: Што има ново, ниту пак одеше на работа во полето, туку со пушка в рака по цел ден вртеше низ бавчите, се криеше по плотовите и го меркаше пандурот да му излезе на нишан. Велјан извардуваше кога немаше никој во дуќанот и се втропчуваше внатре: „Сум ти ги кажувал ли медалјиве, Кору- не?“ „Да, не еднаш, стопати...“ „Да, ама оваа не си ја видел Ко- руне, од злато е чисто, погледни Коруне... Жеништето постоја- но ми трескоти: „Ај, продај ги веќе еднаш, што ги чуваш... Тре- ба да се јаде...“ „Марш, Марш! мамето твое “ £ велам. „ Да со- берам пари, сите ќе ги купам“, ми вели Алтан Водарот... Марш, Марш! му велам и нему, да не те видам дома... Да имам сила, да имам нафта, сè дома би запалил...“ Најголема напаст за дуќанот од Корун беа децата: влегуваа , излегуваа, се вртеа внатре, се вртеа пред вратата и брмчеа за- едно со мувите што им облетуваа околу лепливите усти измач- кани со лижавчиња и мармалад. А од она време кога бандата на Тефик Лога, тргнувајќи со водата, еден ден ја пушти во Су- шево, не сакаше повеќе око да им види на децата. Забучи неколку дена водата бесно и палаво: излетаа од ко- ритото и до што беше нужник го очисти; ги очисти сите селски ѓубриња; забра неколку гнили мовчиња, ги откорна коловите од оградата што ги заградуваше гробиштата пред Св. Пречис- та, го закаса и го подлока брегот и завлечка од гробиштата недоизгниени черепи и коски носејќи ги со себе; луѓето трчаа надолу по водата, нагаѓаа по гробовите чии се коските, ги фаќаа со куки, со мотики, со вили и си ги делеа по претпоставување; ги завиткуваа во платно и повторно ги закопуваа. „Свртете ја водата, свртете го коритото, ќе ги подјаде сите гробови, ќе ги потопи и донесе мртвите“, викаа луѓето. Но никој не ја сврту- ваше водата, никој не го свртуваше коритото. Мило им беше каде што и мртвите студениот допир на водата го чувствува- ат, ја чувствуваат водата; барем сега да се опситаат, кога немаа можност дури беа живи. По нивјето каде што се разлеваше во- дата, децата низ тињата рошкаа со стапчиња и отпретуваа по некоја завлечкана коска од рака, од нога и му ги носеа на пит- ропот Медосан в црква; со парите што ги добиваа, кај Кору- на купуваа карабит, полнеа со него конзерви и потпалувајќи ги под земјата правеа силни експлозии од кој про зорците на куќите се тресеа; пукотите им внесуваа страв и на селото и на црнокошулците кои Коруна в земја ќе го спотераа; до што има- ше карабит в река му го исфрлија. Во дуќанот еднаш неделно навраќаше и Танаил Толмачот; и тоа секогаш во сабота навечер. Доаѓаше в село на неделен од- мор, носеше дè италијански дè германски алишта; со себе вле- чеше и голем волчјак, кој на чекор-два одеше пред него и ка- тилски гледаше на сите страни; кучињата збеснуваа од лаење кога ќе го насетеа; го ранеше со специјално месо за кучиња во конзерви; остатоци од тие конзерви што тоа пресито ги остава- ше, гладните деца од околните куќи кришум ги грабеа и лижеа со прсти. Штом влезеше в дуќан, луѓето еден по еден излегуваа не сакајќи ниту со око да го видат, ниту да поразговараат. Тој брецнувајќи ја зад себе вратата со петица, му го потпушташе ременикот на кучето што душкаше по кантите и тенеќињата, скокаше преку сандаците и бурињата и се пикаше под тезгето. „Што сака, поѓаволите?“ се потргну ваше Корун. „Ех, што сака, велеше Танаил, бара некого“. „Овде нема никој“, ги намуртува- ше веѓите Корун. „Пополека, Коруне, не брзај; како нема никој? А син ти Гашо каде е?“ „Не знам. И друг пат сум ти рекол: не знам. Откако се тури фронтот ништо не знам за него, ни каде е ни дали е жив...“ „Будала ли сум, мислиш Коруне, не знам...“ ’рзна Танаил. „Но сè уште срце имам Коруне, инаку врагот би те зел...“ одмерувајќи ги со око убаво парите што му ги дава- ше Корун за да му ја затне устата, со издолжени усни и муцка, слично на кучето, излегуваше надвор. Во собата над дуќанот постојано навечер ги затемнуваше Корун прозорците и со другите членови на Одборот ги лепеше ушите на радиото со веќе исцрпени батерии и одвај по нешто ќе чуеше. Кога гласот во друг глас ќе се стопеше, или ќе занеме- ше, Митруш Ралица со кибритчиња на масата продо лжуваше да објаснува: „Е, таа река еве ја овде... Овдека се нашите, сојуз- ниците... Овдека е непри јателот... гледате ли... Еве сега авиони- те, еве сега тенковите, еве сега падобранците, еве војска одав- де... јуриш! јуриш!“ Му ја затинаа устата со рака: се тресеа не само прозорците од викање, туку и гласот излетуваше надвор. Се смируваше и про должуваше „И еве, мамето нивно, в шише ги спотераа, в шише...“ креваше на шишето да цврцне... 2 По сите ѕидови од училиштето Аргил и Гаврил испишува- ат пароли: „Смрт на фашизмот - Слобода на народот!“ Стамен со печат в рака удира по сите врати, прозорци, маси столчиња. Некој вика меѓу народот: „Нов печат, народе, нов печат има- ме, гледајте...“ Луѓето ги влечат очите по отисоците на вратите, прозорците и читат буква по буква... „Ииии, калуѓерки!“ вика некој ѕиркајќи низ вратата во училиштето. „Какви калуѓерки! Партизанки се тоа... Зар не гледаш капи со петокраки...“ „Иии, пречиста мајко, богородице...“ „Народе, наша војска, наши команди“, викаат луѓето: „гле- дајте, нови команди, нема повеќе: на лево круг, на десно круг туку: „Сврте се со газојте!“ На вратата од училиштето еден куп дечиња му се нафрлу- ваат на Сандрета, бесејќи му се на гуша, на врат, на рамења. Тој клокоти, се смее и се витка како кревко дрво. „Сите ли се твои?“ „И господови, Аргиле“. „Апапа, како просо, душа си ѝ извадил на жената...“ „Е, па да види, да види и таа и мајка £ зашто ништо живо не сакаше да ја даде за мене; сите пријатели и роднини ги нате- рав да ја молат, но таа тоа пак тоа: „Не сакам јас ќерка ми да ми остане без деца, да ми жала и да ми блодее... Тоа, скраја да е, по сој, по крв оди: до што деца му се раѓаа на татко му, му умираа; лоша болест имал некоја; ја довлечкал од Влашко. Не знам овој, Сандре, како му остана жив... Нек му го чува господ, но има и други девојчиња во селово...“ А мамулето, реков една вечер и летнав кришум низ бавчите под прозорецот нејзин. Ја извикав ќерка £ надвор. Ме сакаш ли? „Амммм...“ рече таа. Нема амм, туку: ме сакаш ли или не? „Те сакам“, рече таа. Ја грабнав на ра- це и дома. Кој немаше мев од жените - а таа секое лето. Убаво ми тргна... И еве, господ да ги поживи, како просо се... Не им ги знам ни имињата саглам...“ Пред вратата Сандре прави пат за да влезе Корун. Се бацуваат со Гашо. „Здраво синко!“ „Здраво татко. А ти?“ „Здрав“. „Со она што ти пишав што стана, собравте ли помош...“ „Малку... ништо, речиси...“ „Зошто?“ „Луѓе: кој дава, кој не...“ „А ти, татко?“ „Па...“ „Клучовите од дуќанот, татко!“ стисна на забите Гашо. „Ама чекај, како, од каде јас?“ „Клучовите велам!“ Изизпретуран е дуќанот како да е свртен ничкум: се празнат рафтовите, сандаците, вреќите, бурињата... Коњите одат и се враќаат. Корун не знае што да направи. Ништо нема во себе: ни глас, ни здив. Излегува пред сина си Гашо, го поп- речува со градите, со главата, со лицето, со очите и зашеметено повторува: „Зар мора, синко?“ „Да, мора... има потреба...“ „Знам, но зошто тоа јас, зошто од мене?“ Се тетерави од ѕид до ѕид и повторува: „Зошто од мене...“ Пред влезот од училиштето заведен е ред; има стражар; не се влегува така, кој како што сака. Пред влегување луѓето тријат со опинците. Командирот Гашо постојано јури со коњите низ селото и се враќа. Луѓето му се тргнуваат од патот. На самиот влез од училиштето, од левата страна, му е канцела- ријата; во другите простории се постели за спиење на четата. Пред влезот од училиштето за железна алка го врзува коњот. Тој ’ржи и ги набива камењата под себе. Гаврил и Аргил му ги одврзуваат рацете на кметот и пред себе го пропуштаат во канцеларијата на командирот Гашо. „Кај беше ти досега, кај ја имаше драснато?“ напнува со палците командирот Гашо на џепчињата од блузата. „В планина“. „Што правеше таму?“ „Ништо, седев“. „И?“ „Останав без леб; ќе подивев. Ај, слегувај, си реков, наши луѓе се тие, нема да те јадат, а што е право-право е, јас сум, што се вели, ваш симпа тизер...“ „Аха, симпатизер... А знаеш ли нешто за Маркс и Енгелс?“ „Не“. „А за Хитлер, за Мусолини?“ „Не“. „А како си можел тогаш да бидеш кмет?“ „Не ми се бараше такво нешто...“ „Аха, а што постојано си ги копаше очите со црнокошулците?“ „Морав, го застапував селово“ . „А што добиваше затоа?“ „Ништо“. „Како ништо? А маската?“ „Која маска?“ Излетаа предметите од трескот на масата: „Таа што ја држиш дома!“ Истрчуваат луѓе на патот, се бесат на плотови и гледаат: кметот се сопиња и разлутено ја влече маската за оглав, вр- тејќи се и одбегнувајќи ги злочестите и подбивните погледи на луѓето. Јадрата маска му го подсилува бесот, влечејќи се споро и нишајќи ги јадрите колкови на кои е втиснат јадар жиг: „Хај Хитлер!“ колкови навикнати споро да влечат сандаци со оружје и муниција. „Ова ли е?“ ја одмерува со очите командирот Гашо. „Да“. „Остави ја. Се одзема“. „Како?“ „Така, шарено“. „Па, ако мора...“ „Како, како?“ „Ваша волја, велам...“ Командирот Гашо нишнува со главата. Во рацете од Гаврил и Аргил се опира кметот; паѓа низ трапот каде што неколцина уште од некни лежат и вика зад себе кон Гаврила и Аргила: „Каков е овој суд? Каков е овој суд?“ Од ридот, зад училиштето со очите го следи Јонче Шаше и вика: „Одбери си, кмете, дрво...!“ „Нова власт ли е ова, другар командире?“ бришејќи си ги лицата со капите прашаа Јон Бузин и Митруш Ралица. „Да“ . „Кој управува?“ „Народот“. „Благодариме“. Крцка колата преполна со вреќи. Качени на неа Јон Бузин и Митруш Ралица, го силат коњот што побргу да оди. Тој фр- чи со носот облеан во пот; запираат во дворот од училиштето; скокаат од колата. „Чие е ова?“ „Народно... Односно од кметот... Му го одзедовме; цела визба скриено му најдовме...“ Чкрта колата нагоре-надолу по патот низ селото; купот вреќи расте пред училишетето. Со пушка Стамен врти терајќи ги луѓето понастрана. „Полека, полека, лапачи, очите ќе ни ги извадите, викаат Јон Бузин и Митруш Ралица, делејќи го житото на народот: „Ред! На ред еднаш научете се, не како ајвани...“ „Колку члена имаш?“ „Пет“. „На“. „Ти?“ „Девет“. „На“. „ Ти?“ „Шеснаесет“ „Пих! на!“ „Ти? А, двапати, зеде Марш!“ Кога се изпразни дворот со луѓето, Јон Бузин и Митруш Ралица го натоварија остатокот со жито и тргнаа да го носатдома. Напуштајќи го дворот, погледите им се сретнаа. Запреа. Одделија жито колку што им следува, другото го симна долу... Жуќо Крлуќот облечен од глава до петици во италијанс- ки алишта, со догорчето од цигарето што му висеше на бузата, запали друго цигаре и потргна од петица уште неколку дима пред да влезе кај командирот Гашо. „Еве сум, другар командире, смрт на фаши змот!“ ја стисна тупаницата на чело: „Сте ме барале нешто?“ Командирот Гашо го фрли накиснатото палто што го су- шеше крај печката и се исправи: „Што им направи на Италијаните што ги пренесуваше по капитулацијата на Италија кај нас, в шума?“ „Ги предавав кај ќе најдев единица, или в Штаб?“ „Сите?“ „Сите“. Скрцка командирот Гашо. „А тие тројца што си ги отепал!“ „А, тие... Непријатели, другар командире...“ „Лажеш! Какви непријатели... За да ги ограбиш, си ги слекол: алиштата да им ги земеш...“ Квичеше Жуќо Крлуќот надолу низ трапот, квичеше сè до- дека Гаврил и Аргил не го замолкнаа. Пред училиштето во дворот се обновува четата на коман- дирот Гашо. Во списоците само две графи има: доброволци и мобилисани. Трајле Август како треска да има, му се тресат забите. „Пуштете го“, мафнува командирот Гашо кон Гаврил и Аргил и му свикува на Трајле Август: „Ти си будала!“ „Будала? Кој вели?“ „Јас“. „Сум“. „Ти си саботер, контраш...“ „А, не сум!“ „А зошто не дојде да се пријавиш на повикот како другите?“ „Па, ми е страв... Војник ќе ме земете...“ „Зошто?“ „Не можам пушка да носам, не можам да пукам... Живи сè најмило, не земајте ме, не можам да пукам, ќе умрам... И во Бившата ме ослободија... Има такви, рекоа...“ „Море, ќе пукаш или душичката!“ свика командирот Гашо и му викна на Сандрета да дојде. Го зграбчи Сандре и го одведе зад училиштето; грмна пукот; еден, два. Ја подаде командирот Гашо главата низ прозорец и го праша Сандрета: „Што стана?“ „Успешно, другар командире. Сака уште...“ „Дај му...“ „Така, така научете го... подберете го малку“, викаше жена му од Трајле Август. „Ми се метка низ нозеве цел живот; со ма- жи нека види малку како е... господ ми го батисал...“ Коњот од командирот Гашо сите го сакаат, сите го милува- ат во селото: се врткаат околу него и го жулкаат; ваков коњ, ве- лат нигде нема. На секое слегување од коњот, притрчува некој, го придржува за уздата и благо го потчукнува по вратот: кра- сен коњ, командире, видра. Пред училиштето оние што чека- ат да влезат внатре, првин му пријдуваат на коњот: го тупкаат по колкот, му ги мазнат влакната и гледаат кон прозорецот од Гашо. Коњот ниша со главата и со сите мускули поигрува. На- пиња со главата да го скине ременот од уздата. Но денеска е слободен; прави што му душа сака. Се беси сето село на оградата од училишниот двор; се трупаат еден до друг, ѕиркаат и се смеат. Коњот ги крева предните нозе кон сла- бината на маската, кон ’рбетот, кон колковите и ја стиска кон себе; таа подбегнува, тој ги спушта нозете, ја душка под опаш- ката и пвторно ѝ се качува. Народот вика и го бодри. А кога така силно ја стегна, недавајќи ѝ ни душа да здивне, силен грмеж се пренесе од ракоплескање. Викаа и ракоплескаа луѓето смеејќи се. 3 Командирот Гашо откако нареди водата од изворот да се сврти кон Сушево, постави и стража која постојано се менува- ше и го контролираше изворот. „Да живее командирот Гашо“, да живее! викаа сите, да живее што ни ја врати водата“. Од реката се црпеа кофи со вода, се подаваа од рака во ра- ка и се полнеа казаните во дворот на училиштето кои вриеја на силниот оган. Сето село носеше постелини и алишта, се фр- лаа во казаните да вријат, горди сите што јавно ја прифаќаат и ја манифестираат борбата против вошките што вриеја во се- која куќа. Многу луѓе, несвесни, и стражарно се доведуваа со алиштата пред училиштето. Растрчуваа низ дворот голи де- чиња што чекаа алиштата да им се исушат и да минат таму каде што се контролираше секој дел од алиштата: дали се наполно потаманети сите гадурии. Повозрасните се засолнуваа зад учи- лиштето или дрвјата држејќи по некое парталче пред себе. А навечер сите чисти, залижани во косите, одеа на проба во една просторија на училиштето каде што вежбаше хорот и каде што се увежбуваа скечевите. Жените, од сè, и од куќите и од нивјето, и од работата, повеќе ги засакаа собирањата во училиштето и пробите. Штом зајдеше сонцето, ни крави гледаа за молзење, ни живинките да ги наранат и приберат, туку која побргу влегуваше во училиштето; ги доближуваа главите една до друга, правеа купче и пееја дошто им идеше песна на устата. На приредбите се туркаа која понапред да излезе. Воденицата од Петрета Ќушко мелеше без уем; за народ, доброволно. Петре ништо не бараше: само да меле. Но тоа што требаше да меле - жито, го немаше. Не остана куќа не претресена. На Митруш Тирбичков му најдоа сол; му ја најдоа сета сол складирана што ја купуваше од Коруна. Душа му извадија, со торбичка сол на гуша го шетаа низ селото, мавајќи го да вика: „Јас сум шпекулант!“ Ко овца се наду, ќе треснеше за вода, кога му изнапикаа насила сол в уста да јаде. И Спирондија Толосу- мот го шетаа со Вечниот календар низ селото, терајќи го лист по лист да кине и да вика: „Лага е, не е точно она што го велев порано: дека светов ќе го владее, дека ќе победи жолтата раса, дека таа ќе загосподари со светот како што Календарот пишу- ва... Никој не е посилен од нашите; да живеат нашите!“ Пред сиот насобран народ питропот Медосан го натераа да се спушти во бунарот, ископан во дворот негов, терајќи го да ги вади од него скриените шишиња со масло... Гробот ќе му го направеа тука... 4 Како што деновите одминуваа, така пополека сè се среду- ваше, се смируваше, сè, си го добиваше својот ред, својот тек. Но кога се мислеше дека прашањето со водата, проблемот неј- зин е во ред, се реши како што веќе еднаш требаше да се реши, правилно, започнаа пак страстите, огнот и болестите да се по- тпалуваат. Го опседнаа Штабот на бригадата жалби на Камен- чани, една по друга. Започнаа укори од Штабот кон команди- рот Гашо: „Наредбата беше само да слезеш со четата в село да расчистиш со остатоците, да ја зајкнеш четата и друго, а не да се мешаш во прашањето на водата. Ни ти, ни ние не сме по- викани да го решаваме тој проблем; ќе се ослободи земјава, ќе имаме народна власт, судови народни, па ќе решат...“ Злата крв уште да не се проширува, да не се создава труење и поголемо незадоволство меѓу луѓето и селата, и да не им се одзема и свртува вниманието од она што е позначајно од сето тоа - борбата за конечна победа, Гашо со четата, по наредба на Штабот, беше префрлен на друг терен. Дента при напуштање на селото, кога четата се построју- ваше во дворот на училиштето, во стројот влезе Разме со дете- то, држејќи го за рака. „Што си го зел детето?“ го загледа командирот Гашо. Во Размета ни збор, ни прогор. „Што молчиш, што пак, доѓавола... Што станало?“ „Ја отепав, ја отепав кучката...“ „Ух, бога му... Зар...“ „Немав веќе нерви, другар, командире... Проклетиот Алтан Водарот, живеејќи кришум со мајка ѝ, ѝ се навртил и нејзе... Ги фатив на дело... Не ми одбегна од рака ни тој...“ Молк. Голем молк завладеа во четата. Слегувајќи надолу, и упатувајќи се кон нови врвици и планини, над главите од четата се креваше топол воздух од полето, бучеше како широка бескрајна небеска река и довлечкува ше со себе распрснати јата штркови што се витлаа над селото, над куќите, гракаа и се спуштаа над покривите, над оџаците, враќајќи им го пополека на растурените и напуштени гнезда животот. VI 1 „Дојде време, се ослободи нашата земја; не знаеше кој како да се радува. Се формира наша нова власт секаде. Во градот се формираа Околиски одбори, во одборите поверенства за мно- гу работи, а и за земјоделие. Во главните градови се формираа Министерства, ги имаше за сè, и за сешто, а и за земјоделие. Ги научивме сите. Во селото наше се формира Местен одбор. За претседател го ставивме Јон Бузин, а потоа Стамена. Само тој се врати жив од Сремски фронт. Нè расплачуваше кога распра- ваше како паднал Гашо, како загинал. Одеј си ти сега дома, му рекле на Стамена, доста се навојува, демобилисан си, пронај- ди си некоја службичка в град, лесна, протерај си го барем сега на старост животот. Поработа малку во Околиски, ја напушти службата и дојде кај нас в село. Го ставивме претседател на од- борот. Не се согласуваа некои од Околиски, но ние си останав- ме при своето. Добро ја брка работата за водата; сите врати и дупки ги знае, сегде тропа, сегде нè води. Не ни треба ни адво- кат, ни никој да нè брани. Аристотел аир да не види, не измол- зи, зеде толку пари во Бившата од нас што можевме со нив не од државава, туку од друга држава да донесеме вода. Чивлизи, имање, големо купи, куќа голема, палата направи. Но никој не дочека на сето тоа да му се радува. Пород немаше да го насле- ди; две души беа, само тој и жена му, како кукајци. И едно ста- до мачки. Тие сè му беа. Ги ранеше, ги одгледуваше како со деца со нив живееше; на сите име им имаше дадено. Кога умре, само пустите мачки врескаа, небото го корнеа, плачејќи крај ковче- гот на Аристотел. Не повикаа првин во Околиски, во поверенство за земјо- делие, претставници на нашата селска власт и претставници на власта од Каменово. „Па, бога му, другари, луѓе сме“, рече про- челникот на поверенството, да се разбереме, да најдеме разби- рање... Што било, како било порано, не нè интересира сега. Да ставиме крај на сè. Да го решиме овој проблем...“ „И ние сме за тоа“, рековме. „И ние сме за тоа“, рекоа каменчани. „Проблемот го знаеме“ рече прочелникот: „и вам ви треба вода и ним им треба, и на Сушево и на Каменово. Правината сме должни да ја гледаме. И едното село е наше и другото. Турете му пепел на сè што било и поминало, сега дај братски, со разбирање, со слога, свесно да се разбереме, да живееме... Затоа , ние предлагаме, да не биде ни едното село без вода, ни другото, на половина: пола вода во едното село, пола во другото. „Не, не може така“, грм- наа каменчани, „и онака водата е малечка, а на половина: ни во едното село ќе стигне, ни во другото. Ќе исчезне по пат...“ „Да видиме инаку“, рече прочелникот“. По денови: еден ден вие држете ја, еден ден тие...“ „Играчки!“ рекоа каменчани: „Ѕврц ваму, ѕврц таму, како да е ова на копче. „Тогаш нека биде не- делно“, рече прочел никот, „три дена кај вас, а четири кај нив?“ свикаа каменчани. „Па добро, четири дена нека биде кај вас, а три дена кај нив, толку има неделата денови - седум“, рече про- челникот. „Не можеме тоа да го прифатиме“, рекоа каменчани, „за таква поделба не сме“. „А за каква поделба сте?“ праша про- челникот. „За никаква“, рекоа каменчани, „водата од секогаш била наша. Од кога памети селото: и во Турско и во Српско и во Бугарско, и во Бившата, и во окупацијата, повеќето време нам ни припаѓала, ние сме ја користеле...“ „А по кои закони, ка- ко ви припаѓала?“ скокнавме ние. „По тие што биле...“, рекоа. „Со поткуп, со сила, а?“ свикавме. „Поврага фатиле“, рече про- челникот, ние одлука ќе донесеме, како што рековме: на пола...“ Со одлуката каменчани не се согласија. Упатија жалба до министерството за земјоделие: „Отсе когаш била наша“, рекоа. Доѓавола, рековме, штом сакаат така да ја тераат, цела бараат да ја имаат - и ние ја бараме цела. Доставивме и ние жалба до министертвото. 2 Дудул Прлица само што не ѝ слезе на земјата в срце, в џи- гер, да види дали има вода. Сè ископа, секое делче и парче кај што сметаше дека има вода. До кога го следеше - го следеше же- на му, се разболе, умре. Сам продолжи Дудул Прлица. Тераше, тераше, сè дур еден ден не му штрекна срцето, не му пукна од радост: му брзна пред очите шурка со вода. Се наврти над неа со уста, со лице, со очи, со глава, грло ќе распараше - сета во него да влезе. Се возбуди сето село, се крена. Наскокаа во јама- та, крај јамата, кај што водата со голем напор и мака напињаше да подизлезе, да подзатече. Но како анџар селаните по малку да му закачија на Дудул Прлица в срце, ко змија да го касна. Не само што не му платија, туку, пласкајќи ја водата низ устата и потплукнувајќи велеа: „Доѓавола, не е ова вистинска вода; оваа е кисела, на јод и ќуќур мириса...“ „Мамето ваше, сите ќе ве испотепам, сите“, викаше Дудул Прлица и со сè, со копачка, со камен трчаше по луѓето. Кај ќе видеше водичка, бразда, вирче, се мочаше во него, го загадуваше. Луѓето се потргнуваа од него како од штукнат. 3 Од Министерството дојде комисија да испита кој имаме повеќе имот за наводнување: ние или Каменово. По тоа проверување уследи одлука: една недела ние да ја користиме водата, една недела Каменово, а преку лето, кога е пориод на вадење на нивјето и вртовите, десет дена ние, една недела тие... Не влезе во сила одлуката. „Ќе се жаламе, рекоа каменча- ни, наши луѓе имаме во престол нината...“ Министерството по две-три години расправии со нас, кре- на рака; „За суд е ова прашање“, рекоа. Судови фативме... На местото од Стамена ставивме друг прет седател, Стамена во изборите за пратеници и одборници го сменаа и го затворија. 4 Таа есен сон немаше селото, сон не го фаќаше. Што е ова, господе, велеа луѓето, што ќе биде ова што се прави, што ќе би- де со нас... Слегуваше сето село долу кај Голема Река, гледаше; одеа луѓето, се вртеа околу испитувачките екипи. Тие постоја- но се намножуваа крстарејќи го теренот: едни со разни инстру- менти ја мереа реката, каде и колку е широко коритото, колку е длабоко, каде како се движи реката, побавно или побрзо, колку должина има овој усек, ова клисура под селата Сушево и Ка- меново, кои други притоки се вливаат во Голена Река, каков £ е водостојот, нивото на коритото през годината: од пролет до есен, колку е кога опаѓа и расте... Други, на разни места крај коритото од реката и погоре, ја дупчеа земјата поплитко или подлабоко, вадеа примероци разновиден по тврдина материјал од земјата, го пакуваа во посебни кесички, прибе лежувајќи ја длабочината од која е изваден и видот на материјалот. Трети, со долги челични пантлики и инструменти, се качуваа по стр- мните падини на реката, се искачуваа и до селата Сушево и Ка- меново, гледаа низ инструментите, мереа и за бележуваа, ста- вајќи при тоа на поважни места, разни знакови и бројки со мр- сна црвена боја. Надуваа гумени чамци и се префрлаа од другата страна на реката, вртејќи го како дурбин инструментот кон Сушево и Каменово. Трети, го вбележуваа во своите тефтери просторот и земјиштето околу Голема Река и селата Сушево и Каменово: на кои места има општествена и привата шума, кол- ку земјиште е под ниви, лозја, бавчи; колку е плодно и обра- ботливо, а колку е необработено и напуштено. Се свикаа и состаноци и во двете села: Сушево и Каме- ново, се кажа што е сето ова, зошто се прави и што ќе биде. Се објасни, званично се кажа, дека на ова место, под двете се- ла Сушево и Каменово, ќе се прави голема брана, ќе се попре- чи реката, сиот простор ќе стане големо езеро, голема хидро- централа ќе се изгради, струја ќе дава. „А до кај ќе фаќа езерото?“, прашаа луѓето. „До селово“, рекоа претставниците на власта и на инвеститорите, и цртежи извадија, карти, за да објаснуваат. Но никој не гледаше во нив. „До селово ли баш?“ прашуваа луѓето. „Да“, рекоа тие. „Ама ка- де точно: до работ од селово, до некаде, до средсело или ќе го фати изцело, сето село...?“ „Изцело...“, рекоа тие, и заплака сиот народ, сите луѓе. Излегоа со плачење од месната канцеларија не слушајќи веќе ништо. Сонот им се зеде на луѓето, ги опфати уплав, неспокојство: и им се веруваше, и не им се веру ваше... „Кај им сечи умот, кај можело да се корнат села, да се потопуваат, има ли власт...?“ викаа. Една по друга се редеа конференции. „Другари, нашата земја, е во замав на изгра дба“, збору- ваа претставниците на власта и на инвеститорите, „гледате ли, постојано се градат фабрики, нови објекти, постројки, струја, треба, централи... Треба да ни е мило на сите што, еве, овде кај нас, на нашава територија ќе се гради толкав голем гигант, а вие, другари, вие место на сето ова да му се радувате, вие викате, се буните...“ „Од бога не сме паднати“, пламнуваа луѓето, „и ние сме дел од општеството; во која мајчина ќе одиме да ни се каже, што ќе биде со нас, што ѓавола ќе правиме, кај ќе одиме, колку ќе до- биеме, што ќе ни се плати...“ „В град, другари“. зборуваа претставниците, „во подобар жи- вот... Плацеви, ќе добиете и пари, куќи нови да си изградите...“ „Колку ќе добиеме, јас три сина имам, секој си е оженет со деца е?“ прашуваа луѓето. „Јас седум члена имам дома; јас пет- наесет! јас бачило цело...“, велеа луѓето, „колку пари кажете ќе добиеме, што со нив ќе можеме да направиме в град...?“ „Проценка ќе има, другари; ќе се проценува детално сè. Ќе врви комисија...“ Студот и големите снегови што зафатија зимата, ги за- преа сите започнати работи крај реката. А штом снегот окопна, штом затоплија деновите, започнаа како печурки сè повеќе да никнат нови бараки на сиот простор околу реката и поблагите падини. Оние што зимоска ги запалија бараките, ги пофаќаа, ги подржаа в затвор, но не се разбра ништо, намерно ли беше тоа, или детска работа, невни мателност кога внатре се криеле да се топлат. Земјата јачеше, татнеше од подземни експло зии, одекнува- ше просторот и се тресеа куќите и прозорците. На луѓето не им беше пријатно да седат внатре: излегуваа надвор и се крстеа. 5 Нит’на куќите мислеа луѓето, нит’вум им беше повеќе из- ворот и водата, и што стана, до каде се жалбите во судот, ту- ку сето внимание и ум им беше сега во - комисијата. И дење и ноќе на неа мислеа: и времето на идење £ го знаеја и што прави и како работи. Штом поминеше сат-два по разделувањето, штом сонцето еден остен ќе отскокнеше, зафаќајќи го највисокиот дел од кли- сурата комисијата веќе го напушташе џадето крај браната до каде што доаѓаше со џип, а оттука продолжуваше кроце и пополека да се искачува кон Сушево. Истрчуваа луѓето уште долу под селото, ја пречекуваа и секој кон себе ја влечеше, секој што побргу бараше кај него да почне со мерење и пресметување на куќата и имотчето. Но комисијата си имаше план: одеше со ред низ селото, од куќа во куќа, од маало во маало. Првин седнуваше во дворот пред куќата или внатре (како ќе беше времето) за да здивне, прашу- ваше на кого се води куќата, ги вадеше тефтерите, книгите, до- дека домаќинката притрчуваше со кафето или нешто друго да почести. Започнуваа со проверка на куќата: подупнува на куќа- та овде-онде, ја проверуваа од што материјал е направена, од тула, камен, плет, запишуваа и прашуваа: кога е градена, кол- ку простории има, влегуваа по ред од една во друга, ги мереа, забележуваа, срамнуваа. Кај мрднуваа, кај влегуваа, домаќинот со нив; кај запираа, запираше и тој, што пофаќаа, кај погледну- ваа, погледнуваше и тој. Дури се проверуваше куќата, по дворовите народот врие- ше. Прво немаше да влезе внатре. А кога комисијата ќе излезе- ше надвор, кога запо чнуваше со мерење и проценување на дво- рот и бавчите, сите како сурија, сето село по стапалките на ко- мисијата одеше, се џареше во сè она што таа го правеше (како го класира земјиштето, колку го проценува) и сето тоа со очи, немо или со потше пнување и подбуцнување меѓу себе, го ко- ментираше. Се потфрлуваше и по некој збор или забелешка на сметка од комисијата. Поради тоа, многупати луѓето беа терани да не ја следат комисијата и да не £ пречат во работата, пикајќи го во сè носот: и кај разбрираат и кај не разбираат. Но луѓето си се луѓе, викаа, се бунеа, зборуваа дека никој подобро не го познава имотот овде од нив: му ја знае секој секому калта под ноктите, се знае кој колку од нивјето и бавчите добива приход, кој на кое земјиште му фрла гној за да раѓа, а кое без никаков гној раѓа, кои куќи се со какви греди: јасикови, костенови, кои одвај стојат, а кои ни топ не ги руши: кои кога се пречатисани и поправени, чии куќи на свадби и веселби страв да те фати, се нишаат како кошници, ќе се турат, а кој ни абер немаат; кои со италијанскиот цимент што за време на окупацијата се дигаше од изворот и градилиштето на патот, се поправаа и ѕидаа; кои куќи ударнички по осло бодувањето, со сето село се правени; кои, исто така по ослободувањето, со манастирските греди и ќерамиди на конаците, се правени. Виде-невиде комисијата, попушти. Но дозволи само еден претставник на селската власт да ги придружува. Но, тој Жуќ- ко Крлуќот, со нив шушу рубушуру, првин си намести за себе, кај му беше ќејф - во таа класа го стави имотчето. Го сменав- ме. Го ставивме Ѓеро, синот на Цара Бала, имот голем немаше и гледаше поправилно. Ама неписмен, како сакаше, така пак си тераше комисијата. Откажавме и од него, кренавме рака. Би- дува-небидува, пак почнавме сето село. По големи расправии (ќе ја смениме, рековме комисијата, друга ќе бараме), ни доз- воли да одиме со неа, но да не зборуваме, да молчиме. Кога дојде редот да се попишува куќата на Ламбе Футак, глави ќе ни испокршеше, не даваше да се пријде до куќата: фрлаше со камења и цигли низ прозорците. „Бегај, не е токму, луд е!“, ѝ рековме на комисијата. „Негова работа“, рече комисијата, ние мораме на попишиме и процениме“, и вртејќи на стотина метри од куќата впишуваа во книгите. „И тој ли е луд?“ пра- ша комисијата кога Петре Ќушко стрча со чивтето, не давајќи ѝ пристап на комисијата кон куќата негова. „Не, не е тој луд“ рекоа. Му испраќаа покани за сослушување, го советуваа луѓе- то да попушти, но тој лут и бесен викаше: „Не најдовте човек што ќе попушти. Ви го свртија умот како на телиња, како на овци“, им велеше на луѓето, „одете ваму - вие одите, правите вака - вие правите... У мајчина и плацот и куќата што ќе ми ја дадете в град! В џенем нека фати! Не ми е мило и не топли тоа, кога од земјата, од самиот тебе, од својот сопствен корен те корнат. И градој поубави поминав и видов, и куќи да купам можев какви сакав, ама ова овде, ова што ми е во срце, в душа, не се купува нигде, нигде го нема. Како што ти врват годините, животот како што ти одминува, така и оваа пуста грутка што првпат те примила, ми ти го дала светот - ми те стега поцврсто, не те пушта. Никакви синови не слушам, кај им е мило таму нека живеат...“ За црквата подоста расправии имаше: за никакви пари се лото не сакаше да чуе. Црква за црква бараме, рековме; овдека се руши - да ни се направи в град. Но, од градот тоа не го при- фатија. Што ќе ни е трета црква, рекоа, кога веќе имаме две. Што ќе им е посебна црква, нека се молат во овие... О господе, како ли ќе се бараме по свадби, по гости, по имендени, кај ќе се наоѓаме и собираме, тувкаа луѓето. Кога дојде на гробиштата ред, сето село, сите жени плачеа. Сета мака, сиот бол, се што имаа, над умрените, над гробовите ја кажуваа: и арното и лошото. Арното: златни наши души, ќе се спасиме од овој пусти живот, кучешки; цел живот по поле и планина, кога гладни, кога најадени, кога боси, кога обуени, од деца, од малечки испревиткани во ’рбетот од носење и влечење дрва, листовници и врзалки со сено, снопови ’ржаници и па- перка, без сон и почивка од зори до зори, да се жеднува за пус- та вода, да се носи во сушно време добитокот дури в планина за да му се најде вода по дупките и локвите недоиспарена дож- довница или снеговица, да се влечат буриња со вода на плеќи или на ајвани од Голема Река кога заедно со гумната започну- ваше и пеколот по овие пусти голетини и сувосушни; од зори, со саати пеш да се тргне в град да се купи, да се донесе нешто за јадење и облекување, или нешто за задушница, за вас мачни души; плачиме заено со клетите наши дечиња кога една по дру- га болестите се навртуваа, господовата милост чекајќи ја, дали ќе го земе или не. Лошото: кај души мачни, нас ќе нè носат; ко птиците и ние сега, еве, без седело остануваме; мачно, лошо, нам убаво ни бе- ше овде, кај сега пред гроб на врата, на старост, куќа ќе закуќу- ваме; кај врталишта сега нови ќе завртуваме; кај вас сега ќе ве оставиме; кој свеќа над гроб ќе ви запали, кој ќе ве посети..., што пусти маки имавме, што в срце не мачеше, не болеше, вам ви кажувавме... Кои умреа - умреа, рекоа од власта, готово е. Кој се закопа - се закопа. Сега другите можат да се носат в град; таму да се закопуваат. Гробиштата овде не смеат да се откопуваат да се ги- баат, нема потреба, а во градот, во градските гробишта, толка- во место нема за сите... Што дека ќе гнијат тука или во градот - сè едно е. „Како ќе ги видиме, како до нив ќе дојдеме кога ќе ги скрие водата...“, оплакуваа луѓето. Дојде време на добитокот. Што ќе му правиме нему, се прашуваа луѓето. Рекоа: правете му што знаете, в град е забра- нето да се држи добиток, продајте го, колете го. На пазарот в град само наш добиток имаше; кој купуваше - само наш: кра- ва, коњ, теле, овца. Му падна цената. Ако е за бадијала, реков- ме, сами ќе го јадеме. Кој имал, пак да имал, било. Јонче Шаше друг ум имаше; нит’продаде нешто, нит’закла, туку си ги забра оние ајвани што ги имаше: магаре, крава, овци, кози, теле, ку- че и како Ное тргна со нив да им бара спас и избав. Ги слезе во градот на плацот кај што го имаше добиено, ја испасија тревата на него, ги изизпрошета по меѓите околу градот и отиде во Одборот и им рече: плац мене не ми треба, не ми делил господ, не ми е пишено да живеам в град, школа немам, со нив сум роден, со ајваните, со нив сакам да си умрам. Како што растеше браната, така возбудата и паниката кај луѓето растеше. Сè фрлија настрана, Одложија и свадба и гости. Од ден на ден сè нови гласови се пренесуваа: кој побргу ќе се пресели в град, ќе добие подобар плац, ќе си изгради побргу куќа, ќе добие подобра служба, работичка. Започнаа луѓето кој побргу, и дење и ноќе, да си ги уриваат куќите: симнуваа ќе- рамиди, греди, ги пренесуваа на џадето крај браната, земаа ка- миони од гради лиштето и ги префрлуваа на плацевите в град. Многумина фрлаа во Голема Река, фрлаа сè по патот: кај доѓа- вола оваа старудија ќе ја носиме, велеа. Од покуќнината го за- држуваа само она што им беше вредно, што им беше спомен. Куќата и имотот од Стамен со сведоци ја попишуваше ко- мисијата. Зашто по враќањето од затвор, каде што не лежеше многу, се разболе и умре. Во тестаментот што му го најдоа пишуваше: „Судбина; не разбран сум бил цел живот. Тоа што го реков на сослушувањето и сега го велам, го потврдувам: не сум про- тив власта и денешницава за која сиот свој живот сум се борел; во најтешкото кога беше, јас ја ставив главата в торба, го ставив син ми во темелите на оваа земја. Не сум го терал никого, нико- го не сум го потпалувал да е против власта... А само реков: „Кој очи им видел на овие пратеници за кои што треба да гласаме, кој погледал од нив, кој фрлил око на селово, кој се заинтере сирал за проблемот негов, помогнал...“ Ете, само тоа го реков. А што крвта пуста ми била блага, што пусто, сè околу мене се сопиња, така речено ми било, судбина. Од млад уште, од ко знам за себе си, сè такви работи ме тераат... Колку ти не избори во Бившата се претеруваа низ селово; малку, малку избори: те за ова, те за она... Во последните избори пред војната, се растрчаа џандарите низ селото, влечеа, тргаа, клоцаа, бркаа, сè на избори“. „Уз кога си ти бре, ме прашуваа“ уз владу? „Не“, им велев, „уз моју младу...“ Кутрата женичка не ми го виде ајрот: ме спотераа в град и ме згнија од мавање по затвори. Ама и на еден од нив, од вла- дата ли беше, од кај ли беше, мамето му го расплакаа: тој ден сè живо џандармите во градот измолкнуваа и истеруваа од дуќа- ни, од канцеларии, од цркви, од школи: „На митинг! Сите на митинг!, викаа. Бргу излегувајте!“ Не набаткаа сите како ајвани на пазариштето; ги вртевме главите нагоре, а на бината иските- на со знамиња и кралски слики, претседателот на градот ни го претставува гостинот од Белград, голем некој човек, пемпере, а тој ни за колку во око го немаше, ситен како лешник, како шепутка, Ѓоко Пижо, се викал. Зеде здив тој, развика, растропа со раката по масата, заплуска со рацете, давајќи ни и нам знак кога кралот ќе го споменеше, и помина со шамивчето по тилот. Стрчна некој на бината и му тутна телеграма во раката. Околу него сите што беа на бината шиите ги подискривија. Пишуваше: „Дојди веднаш Владата да ја составиш“. Од радост се затресе и падна на бината. Море шеќер, море вода, море триење по вратот, по срцето - ништо не помагаше. Отиде по петелот! А што ти било: некои од нашите, од опозицијата во Белград, ова му го скроиле: дознавајќи кој се движи, кај држи говори, за да му ги сметкаат конците, за да го вратат, му тутнале ваква те- леграма... А тој од радост ли, од слабо срце - бап! Долу со него! свикав, долу! А некој зад мене ме фати за тилот, за шијата: „Сега ќе видиш што значи „долу“, рече и ме однесе во Начелс- твото, во подрумите. „Долу, а?“ викаа и ми удираа клоци на смена. „Не ме оставате, бре, браќа, да се доискажам: не викав „долу“ за она што мислите вие, туку да го симнат долу од бината, да му дадат помош, да го носат...“ „Море, ти си препреден“, ми рекоа, ти си од оние бугарофилите, мамето твое...“ „Море каков бугарофил, што ви паѓа на ум...“ „Ха, душичката ти ја знаеме: во срцето во џигерот, ти е Бу- гарија; да те распара човек, бугарчиња би нашол в натре“ уди- раа со чевли, со кундаци, со сè што ќе најдеа. И кознае до кога така ќе си лежев, ако бргу не се сневидеше Државата. Дојдоа Бугарите. Пребегав на работа во терито- ријата што ја окупира Бугарија. Не потера многу време, започ- наа да претресуваат, да требат сомнителни. Ми влегоа во ста- нот каде што живеев. „А ти сè уште на кралчето мислиш, мамката твоја“, ми рекоа. „Каков крал, каков ѓавол!“ им реков. „А што ти се овие книги во сандаков?“ „Црковни, молитвеници...“ им реков. „Аха, а на кој јазик се пишувани? На бугарски?“ „Не, на македонски...“ „Зошто тоа, мамката твоја...“ „На тој јазик знам да се молам...“ Душтата ми знае што виде од мавање. Ме затворија и по месец-два, ме извадија пред старшијата. „Слушај, свика, старшијата, било што било, отсега ќе бидеш наш...“ „Како, ваш?“ „Така; ќе работиш за нас...“ „Што?“ „Ќе поткажуваш... Сè што ќе чуеш... Врти се насекаде: в кафеани, на пазариште, по дуќани; прави се на удрен... вчапи некого... „Шпион? Никако!“ „Тогаш назад, кучко“ свика старшијата, „назад в затвор!“ Ме зграпчија пак; немав каде: „Ај така нека биде“, реков. Почнав овде-онде, допри се до еден, допри се до друг, но кај можам: душичката не ми дава. Сучам, вртам - ништо... Се враќам кај старшијата. „Ништо нема господине старшија“, му велам. „ништо нема сомнително...“ „Ха, врдаш кучко, бегаш, сакаш да се извле чеш...“ Ајт’ пак назад... Како да ја здувам не знам, можеби ме сле- дат. Вртам, вртам, се допирам до еден, до друг, им намигнувам: ова е свињарија, ова не е власт, лајно, какви ти ослободители - мамето ни го расплакаа... И како што реков, ме следеле, маме- то нивно: тап! некој зад мене пак ме фати за шијата и назад кај старшијата. „А, така ти, кучко, лаеш, лаеш, провоцираш... клеветиш. И над шпиони има шпион“, ми рекоа и повторно ме турија од биење... Среќа, се разболев многу тешко на бубрези, ме пуштија. Кога ме распараа, кога ме оперисаа, не најдоа во мене ни кралчиња, ни бугарчиња, туку камења во бубрезите... Ја префрлив границата, дојдов дома, го закопав сина ми што црнокошуците го стрелаа при лепење и ширење повици за борба, ја закопав жена ми, што од жал за него умре, и на четата од Гашо ѝ се приклучив. По враќањето од Сремски фронт се демо билисав, ме пос- тавија на служба во поверенството, во Околиски. Курир, ми рекоа ќе бидеш. И за таа работа тогаш требаше поверено ли- це. Чекав кога ќе дојдеа весниците на пошта и ги земав за пове- ренствата. А весници тогаш само неколку броја имаше за цел град: повернствата, ОЗНА, КНОЈ, прочелниците, уште за некој, и толку. Штом ќе им ги донесев весниците на прочелниците, за- почнуваа дискусии по канцелариите, но првин чекаа да излезам јас. А доста во тоа време се зборуваше: што ќе биде со Солун, ќе се оди ли таму или не... Ја отворија еднаш на брзина вратата од канцеларијата, ме видоа мене на врата допрен однадвор. „При- слушкуваш?“ ми рекоа, „Не прислушкувам“ им реков. „Прислу-куваш“ ми рекоа. Тие: да, јас: не, додека ме отпуштија. Се вратив овде, в село, станав претседател. Што го реков она во изборите, го реков не за мене, туку за сите, за селото... А бидејќи сега душичката ми е при крај, на вас пријатели мои, роднини, селани, браќа мои, ви оставам во аманет, ве молам: во гробот на сина ми и жена ми да ме закопате. По смртта барем да можам да сум со нив, да бидеме заедно. Ако се префрлуваат коските нивни некаде и - моите: кај ќе гнијат нивните - и моите“. 6 Тоа што требаше да дојде - дојде; започна да се полни езерото. Се полнеше со месеци. Зафати да потопува сè: дрвја, падинки, карпи, стариот пат кај Голема Река, и започна водата да се крева нагоре, да ги граби и потопува терените под селото, ги зарамна нивите, лозјата со вода и стаса до првите куќи, кои урнати, срушени до темели, кои отскриени, извадена чатијата, дрвенаријата, кои така цели, не гибнати, и започнаа и нив да ги зафаќа и потопува. Кој од луѓето не беше уште доотселен - се доотсе луваше, вртеше згора преку планината со по нешто недоземено од покуќнината или со чамец се префрлуваше преку водата до новиот пат што се изгради од таа страна на падината. Луѓето, децата што сè уште не беа отселени, слегуваа до работ на водата, пласкаа со рацете и стапови во неа, отстапуваа, се повлекуваа нагоре заедно со неа и гледаа во куќите што како замоци остануваа негибнати, цели во водата. Ни луѓето, ни милицијата, не помагаше ништо, за да го извлечат Ламбе Футак од куќата: ни кога водата започна да му ја лижи куќата, не излегуваше од неа. Вртеа луѓето со чамци околу куќата, му фрлаа јажиња на прозорците за да слезе, да излезе од куќата, да избега од водата што веќе навлегуваше внатре, но тој ги отфрлуваше јажињата назад и бегаше од едниот кат, кога ќе го зафатеше водата, на другиот кат од куќата, фрлаше што има- ше, а потоа, како што водата растеше, се качуваше на покривот од куќата викајќи, кон луѓето кои последни за век и веков го на- пуштаа селото: „Што е, идиоти, што е глувци, кај бегате... Еден на друг ќе се испотепавте за вода; сè само умот во вода ви беше, и на господа мамето ќе му го расплачевте, само да дојдете до во- да... Еве ви ја сега... Еве ви ја до гуша... хахаха... Кај бегате...“ Згрме куќата од Ламбе Футак тапо, задушливо и се тури во водата што ја подлокуваше и гризеше со недели. Вртеа луѓе- то на тоа место со чамци, не гледајќи ништо во водата, освен растурено купиште од куќата. И Петре Ќушко не извади ништо од куќата. Ја остави та- ка цела, не гибната да ја потопи водата и се повлече горе во воденицата до кај што беше обележено да достигне нивото на езерото. Синовите Тофил и Скуле уште порано се отселија, на- пуштајќи го. Есента и зимата, кога дождовите и снеговите му помогнаа на езерото, тоа забрзано и наполно ги зарамни и ги покри и Сушево и Каменово. Отселувајќи се, луѓето пак навраќаа дури не ги заборавија. VII Земјата потфатена од сонцето чадеше, испу шташе мирис на сланоток, бозовина, смрека. Во стрмните планински пади- ни издигнати над езерото, кроце навлегуваше пролетта. Дрено- вите тукушто прецутуваа, а кревкото проѕирно зеленило гра- беше нагоре по необрастените и голетни места. Дивите црешни богато изнакитени со цут, зујкаа на сонцето, убрзувајќи го идењето на пролетта. Скуле излезе од колата што ја остави крај патот, скина ед- но ветче буковина, гризна во него како во плод што свој сопс- твен вкус има, и џвакајќи ги листенцата што му го киселеа ја- зикот, се спушти крај езерото на она место каде што дрвеното мосче за пристанување на чамци со предниот свој крај навле- гуваше во водата. Клекна до него, ја допре водата со рака, раз- ниша, и одсјајот на неговиот лик внатре се растрепери, се раз- брана и се растури низ водата на сите страни. Ја извади раката, повраќајќи ѝ го мирот на водата. Се поткачи на мосчето и вик- на. Гласот му се одби како камче плочесто отскокнато од вода- та и исчезна во просторот. Викна уште еднаш погласно. Од другата страна на езерото се покажа човек кого дале- чината го правеше ситен и малечок. Скуле викна уште неколку пати. Човекот слезе до работ од водата и го одврза чамецот од дрвото. Влезе во него, зафучи со веслата како со продолжени раце и тргна кон дојдениот. Идењето негово му се виде на Ску- ле долго, предолго. Чамецот со врвот благо по површината ја расцепуваше водата, делејќи ја на две како патец од коса. Веслата многу бавно се креваа и спуштаа, оставајќи трагови како бели стапалки по водата што се губеа. Пилињата слетуваа, се напиваа вода и пак збрзнуваа кон просторот, како некој да ќе им го земе. Скуле го префрли палтото преку рамења што го имаше слечено во колата, а благото струјкање на воздухот му се пикаше по мишките, му шеташе по градите и пазувите, ли- жејќи го со влажен скокотлив јазик. Гледаше во водата, во нејзиното сино-зелено пространство и човекот што доаѓаше. Крај мосчето излезе човекот од чамецот, наметнат со ко- жув, обрастен целиот со брада од веѓите до под гуша, со чивте преку колената. „Татко“ рече Скуле, „жив ли си, здрав ли си?“ Петре Ќушко со молчење се поздрави, седна повторно во чамецот и започна да весла. По целиот пат до другиот брег, до воденицата молчеа. Скуле постојано гледаше во татка си, се обидуваше да зазборува со него, но тој не гледаше кон него, не правеше напори да го слуша. Излегоа пред воденицата која сè уште тра кареше, мелеше, сама, на празно, без ништо... „По тебе дојдов, татко, да те земам“, рече Скуле. „Престани за тоа да зборуваш, сум ти рекол и другпат...“ рече татко му. „Зарем сам ќе живееш овде...?“ „Со водава, со рекава од изворов...“ „Што ќе ти е... Ни тебе, ни некому веќе му треба таа вода...“ „Ако; не сакам да ја свртат пак каменчани рекава, изворов...“ „Ама, што ќе им е, татко, што им треба... Го нема веќе селото, мртво е... И двете, гледаш ги нема...“ „Ако... Не сакам ни по смртта да го завртат изворот, водата лажно да им припадне...“